Калкулус на согласноста: Логички основи на конституционалната демократија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Калкулус на согласноста: Логички основи на конституционалната демократија (англиски: The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy) - книга на американските економисти и политички теоретичари Џејмс Бјукенен и Гордон Тулок, првобитно објавена во 1962 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата се состои од следниве делови:[1]

  • Прв дел: Концептуална рамка
  • 1. Вовед
  • 2. Индивидуалистички постулат
  • 3. Врската меѓу политиката и економијата
  • 4. Поединечната рационалност во општествениот избор
  • Втор дел. Опфатот на општетсвениот избор
  • 5. Организацијата на човековата активност
  • 6. Општа економска теорија на конституциите
  • 7. Правилото на едногласност
  • 8. Трошоците на одлучувањето
  • Трет дел. Анализа на правилата на одлучувањето
  • 9. Структурата на моделите
  • 10. Гласање со просто мнозинство
  • 11. Гласањето со просто мнозинство и теоријата на игрите
  • 12. Правилото на мнозинство, теоријата на игрите Паретовата оптималност
  • 13. Паретовата оптималност, екстерните трошоци и распределбата на доходот
  • 14. Обемот и опфатот на колективната акција
  • 15. Правилата на гласање со квалификувано мнозинство, политичкото претставување и меѓузависноста на конституционалните варијабли
  • 16. Дводомната законодавна власт
  • 17. Ортодоксниот модел на мнозинското правило
  • Четврти дел. Економијата и етиката на демократијата
  • 18. Демократската етика и економската ефикасност
  • 19. Групите за притисок, специјалните интереси и конституцијата
  • 20. Политиката на доброто општество
  • Прилог 1 Записи на маргините за тоа како да се чита политичката философија
  • Прилог 2 Теоретски претходници

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Денес, „Калкулус на согласноста“ се смета за клучно дело во теоријата на јавниот избор. Меѓутоа, уште при појавувањето на книгата, таа била оценета поволно. Така, списанието Journal of International Affairs ја оценило книгата како „стимулативен, оригинален придонес кон теоријата на демократското однесување“; според познатото списание Journal of Political Economy, таа е „брилјантен и значаен придонес кон литературата што ја разработува анализата на политичките процеси со методите од економијата“; слично, во рецензијата објавена во списанието Ethics се вели дека книгата е „необичен, оригинален и просветлувачки обид за примена на претпоставките и методите на економијата во политичките одлуки; списанието Midwest Journal of Political Sciences ја оценило книгата како „важен додаток кон малата полица со понови книги кои ја пресоздаваат областа на политичката теорија“; а списанието The Australian Quarterly ја смета книгата за „значајно дело во историјата на политичката мисла“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. James M. Buchanan and Gordon Tullock, The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy. The University of Michigan Press, 1962.
  2. James M. Buchanan and Gordon Tullock, The Calculus of Consent: Logical Foundations of Constitutional Democracy. The University of Michigan Press, 1962.