Информатичката и комуникациската технологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Информатичката и комуникациската технологија или (ИКТ) е екстенсентен термин за информатичка технологија (ИТ) кој ја нагласува улогата на унифицирани комуникации [1] и интеграцијата на телекомуникациите (телефонски линии и безжични сигнали), компјутерите, како и потребниот софтвер за претпријатија, складирање и аудио-визуелни системи, кои им овозможуваат на корисниците пристап до, складирање, пренос и манипулирање со информации. .[2]

Терминот ИКТ исто така се користи да се однесува на конвергенција на аудио-визуелни и телефонски мрежи со компјутерски мрежи преку единствен систем за поврзување со кабли или линк. Постојат големи економски стимулации (огромни заштеди на трошоците поради елиминација на телефонската мрежа) за да се спојат телефонската мрежа со компјутерскиот мрежен систем користејќи единствен унифициран систем за каблирање, дистрибуција и управување со сигнали.

ИКТ е широк предмет и концептите се развиваат.[3] Терминот го опфаќа секој производ којшто ќе го складира, презема, манипулира, пренесува или прима информации електронски во дигитална форма, на пр. персонални компјутери, дигитална телевизија, електронска пошта, роботи. За јасност, Zuppo обезбедува хиерархија на ИКТ каде што сите нивоа на хиерархијата "содржат одреден степен на сличност во тоа што се поврзани со технологии кои го олеснуваат трансферот на информации и разни видови електронски посредувани комуникации".[4] Теоретски разлики меѓу интерперсоналните комуникациски технологии и масовно-комуникациските технологии се идентификувани од филозофот Пијуш Матур Рамката за вештини за ерата на информации е еден од многуте модели за опишување и управување со компетенциите за ИКТ професионалци за 21 век.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Murray, James (18 декември 2011). „Cloud network architecture and ICT - Modern Network Architecture“. TechTarget =ITKnowledgeExchange. http://itknowledgeexchange.techtarget.com/modern-network-architecture/cloud-network-architecture-and-ict/. посет. 18 август 2013 г. 
  2. Information and Communication Technology from“. FOLDOC. (2008-09-19).
  3. „ICT - What is it?“. http://www.tutor2u.net/business/ict/intro_what_is_ict.htm. посет. 1 септември 2015 г. 
  4. Zuppo, Colrain M.. „Defining ICT in a Boundaryless World: The Development of a Working Hierarchy“. International Journal of Managing Information Technology (IJMIT). стр. 19. http://www.airccse.org/journal/ijmit/papers/4312ijmit02.pdf. посет. 13 февруари 2016 г.