Инкретин

Од Википедија — слободната енциклопедија
GLP-1 и DPP-4 инхибитори

Инкретини — група на метаболички хормони кои го стимулираат намалувањето на нивото на гликоза во крвта. Инкретините се ослободуваат после јадење и ја зголемуваат секрецијата на инсулин од бета-клетките од Лангерхансовите островчиња во панкреасот преку механизам зависен од нивото на гликоза во крвта.

Некои инкретини (GLP-1) исто така го инхибираат ослободувањето на гликагон од алфа-клетките од Лангерхансовите островчиња. Покрај тоа, тие ја намалуваат брзината на апсорпција на нутриенти преку забавување на празнењето на желудникот и на тој начин директно може да влијаат врз внесот на храна. Два главни кандидати кои ги исполнуваат критериумите за инкретини се интестиналните пептиди гликагонолик пептид-1 (GLP-1) и гастричен инхибиторен пептид (GIP, исто така познат и како гликоза-зависен инсулинотропен полипептид). Двата GLP-1 и GIP брзо се онеспособуваат од страна на ензимот дипептидил пептидаза-4 (DPP-4).