Империја (ТВ Серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Империја
Empire Fox.png
ЖанрДрама
Сапуница
Создадена одЛи Дениелс
Дени Стронг
УлогиТеренс Хауард
Тараџи Пи. Хенсон
Џуси Смолет
Малик Јоба
Воведна темаNo Apologies
Композитор(и)Фил Ајслер
Тимбаланд (песни)
Земја на потекло САД
Првичен јазиканглиски
Бр. на сезони2
Бр. на епизоди12 (листа на епизоди)
Продукција
Камерамулти камера
Времетраење42 минути
Прикажување
Првична мрежаFOX
Првично прикажување7 јануари 2015 – денес
Надворешни врски
Мрежна страницаfox.com/empire/

Империја (англ. Empire) — американска телевизиска серија, создадена од Ли Дениелс и Дени Стронг. Првата епизода се емитуваше на 7 јануари, 2015 на американскиот телевизиски канал FOX. Приказната на серијата се центрира околу Луциус Лајон, основач и директор на Empire Entertainment, една од најуспешните музички издавачки куќи во Америка.

Премиерата на серија стекна неверојатно добри критики и публика од околу 9.90 милиони гледачи. Бројот на гледачи расте секоја недела; Империја е првата серија каде што секоја наредна епизода стекнува поголема публика и интерес од претходната.

Глумци и улоги[уреди | уреди извор]

  • Теренс Хауард во улогата на Луциус Лајон, поранешен дилер на дрога и директор на Empire Entertainment, кој се соочува со потешкотии откако гревовите од минатото се враќаат да го гонат во сегашноста. Луциус е свршен со Аника.
  • Тараџи Пи. Хенсон во улогата на Куки Лајон, Луциовата бивша жена и мајката на неговите три сина која поминала 17 години во затвор заради дилерство со дрога.
  • Траи Бајарс во улогата на Андрè Лајон, најстариот син на Луциус и Куки. Андрè е финансискиот директор на Empire Entertainment која боледува од биполарно растројство.
  • Џуси Смолет во улогата на Џамал Лајон, "црната овца" во фамилијата и најталентираниот од трите синови. Џамал е хомосексуалец, и заради тоа е во несогласности со неговиот татко.
  • Брашир Греј во улогата на Хаким Лајон, хип-хоп ѕвезда и најомилениот син на Луциус. Хаким е во одлична врска со брат му Џамал и чуствува омраза спрема Куки.