Игри во коцкарница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рулет е игра со чиста шанса, ниту една стратегија не може да им даде предности на играчите, исходот се одредува со случајност

Игрите достапни во повеќе казина најчесто се викаат казино игри. Во казино игрите, играчот се коцка со казино чипови во повеќе можни случајни комбинации. Казино игрите се достапни и во онлине казина. Казино игрите исто така можат да се играат и надвор од казината во забавни цели, на машини кои симулираат коцкање.

Куќна предност или раб[уреди | уреди извор]

Казино игрите генерално овзможуваат предвидлива долгорочна предност на казиното, или куќата, додека му овозможува на играчот можност за голема краткорочна добивка. Казино игрите често вклучуваат илузија на контрола, во која играчот мора да прави избори. Но во повеќе случаи математички е неможно играчот да го елиминира неговото или нејзиното долгорочно немање предност (куќна предност или куќен раб) во казино играта. Немањето предност на играчот е резултат на тоа што казиното не плаќа награди за победите според резултатот од играта, како што иначе би се очекувало . На пример ако во играта за победа треба да се исплати 5 спрема 1, казиното плаќа 4 спрема 1.

Играчки машини[уреди | уреди извор]

Играчки машини како што се слот машините и пачинко обично се играат со еден играч и не е потребно присуство на вработено лице од казиното.

Игри со случајни броеви[уреди | уреди извор]

Игрите со случајни броеви се игри кои се засновани на селекција на случајни броеви, од компјутерски генератор за случајни броеви или од друга опрема за игри. Игрите со случајни броеви можат да се играат на табла како што е Рулет, или преку тикети или карти како што се Кено или Бинго.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]