Иван Шишманов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Шишманов
Роден(а)4 јули 1862(1862-07-04)
Свиштов, Османлиска империја
Починал(а)22 јуни 1928(1928-06-22) (возр. 65)
Осло, Норвешка

Иван Шишманов (бугарски: Иван Димитров Шишманов; 4 јули 1862 во Свиштов, Османлиска империја – 22 јуни 1928 во Осло, Норвешка) бил бугарски писател, етнограф, политичар и дипломат. Бил амбасадор на Бугарија во Украинската Држава и Украинската Народна Република.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иван Шишманов е роден на 22 јуни 1862 во Свиштов во познатото семејство Шишманови. Учел во Педагошкото училиште во Виена од 1876 до 1882. Потоа студирал филозофија и литература во Јена во 1884 и две години во Женева. Во 1888, завршил докторски студии во Лајпциг кај професорот Вилхелм Вунд.[1]

На 28 декември 1888, се оженил со Лидија Шишманова,[2] ќерка на Михајло Драгоманов. Во 1888 Шишманов бил еден од основачите на Високата Школа во Софија.

Шишманов бил член на Народнолибералната партија, и во 1903 станал Министер за народна просвета, но во 1907 ја напуштил функцијата поради несогласување со властите. Како министер, тој отворил училиште за слепи во 1906.[3]

Позната е неговата средба како министер за народна просвета со францускиот новинар Гастон Рутие во 1903, кој подоцна во неговата книга Македонското прашање го објавил нивниот разговор, при што Шишманов изјавил:

„По десет години ако Македонија стане автономна, таму нема да постојат ниту Бугари, ниту Срби, ниту Грци, ќе постојат само Македонци. Тие ќе имаат многу заеднички политички интереси, особено економски, што треба да ги создадат со својата неуморна работа ако сакаат да бидат независни од државите што се понапредни од нив и чие производство би го уништило нивното.

Како земјоделци, не ќе им биде воопшто од интерес да се спојат со земјоделските земји како што се Србија и Бугарија; како индустријалци, ќе сакаат да ја штитат својата индустрија која ќе биде против нашата; најпосле, тие ќе сакаат да ги задржат за себе местата на функционери во нивната администрација и на офицери во нивната војска. Значи, Македонија ќе биде независна и Македонците ќе останат Македонци. Ако Европа го мисли спротивното, таа греши; ако Бугарите сметаат на бугаризација на Македонија тоа се илузии“.


—Gaston Routier, La qusetion masédoine – on doit au peuple vérité, 1903, стр. 376-377

Починал во Осло на 23 јуни 1928, на 65 годишна возраст.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Славянски селища в Крит и на другите гръцки острови. — Български преглед, 1897, кн. 3.
  • Наченки на руското влияние в българската книжнина. С., 1899.
  • Критичен преглед на въпроса за произхода на прабългарите от езиково гледище и етимологиите на името «българин». — СбНУНК, XVI—XVII, 1900.
  • Тарас Шевченко — неговото творчество и неговото влияние върху българските писатели преди Освобождението. С., 1914.
  • Избрани съчинения в три тома. С., 1965—1971
  • Дневник 1879—1927 г. С., 2003.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Петров, Калин. „Иван Шишманов“. www.bg-istoria.com (бугарски). Архивирано од изворникот на 2018-11-11. Посетено на 2018-11-10.
  2. „Лидия Шишманова – спътница и интелектуалка със собствен блясък“ (PDF). Посетено на 6 February 2016.[мртва врска]
  3. Марков, Георги (2003). Покушения, насилие и политика в България 1878 – 1947. София: Военно издателство. стр. 106. ISBN 954-509-239-4.