Прејди на содржината

Иван Дибич Забалкански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Дибич

Иван Дибич Забалкански (13 мај 1785 – 10 јуни 1831) бил руски фелдмаршал.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Во периодот од 1805 до 1807 учествувал во Наполеоновите војни, а од 1812 до 1813 година бил квартирмајстор (начелник на штаб) во корпусот на Витгенштејн. Во 1812 година бил унапреден во генерал-мајор заради победата во битката кај Полоцка. Учествувал во Руско-турската војна (1828-1829) како командант на 2. армија. На 11 јуни ги победил Турците во битката кај Кулевче. После битката кај Сливен (31 јули) ги принудил Турците на склучување на мир. За тој успех го добил називот „Забалкански“ и чин фелдмаршал.