Прејди на содржината

Зоран Мише

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зоран Мише
Од наградувањето на „Пријатели на морето“, Бургас 2018
Роден(а)8 август 1984
Охрид, НР Македонија СР Македонија
Занимањеграфички дизајнер

Зоран Мише (Zoran Mise) — македонски уметник-графичар. Живее и работи во Софија.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е во 1984 година во Охрид, Република Македонија.

Студирал на „Националната бугарска уметничка академија“ во Софија, каде во текот на 2006 година ги завршил студиите во отсек „Графика“ кај доцент Димо Колибаров,[1] а во текот на 2012 година магистрирал во класата на доцент Јохан Јотов. Член е на Сојузот на бугарските уметници, секција „Графика и илустрација”..[2]

Заедно со уметниците Горан Тричковски, Васил Ангелов и Павел Целкоски го основал графичкото студио Принт Нест.[3]

Мише учествувал на бројни уметнички изложби, биенали и триенали на графиката во Бугарија и во други земји (Австрија, Турција, Романија, Швајцарија, Италија, Кина, Шпанија, Македонија, Србија, САД, Чешка и Јапонија).[4]

Носител е на многу награди, меѓу кои:[2]

  • 2009 - Награда за млад автор од „Графички мини-принт“ 09 на Галеријата „Сезони“ - Софија, Бугарија
  • 2010 - Награда за млад автор од шестото „Меѓународно триенале на графичките искуства“ - Софија, Бугарија
  • 2015 - Специјална награда на куратор на II Меѓународна изложба за печат „Барање на изгубениот рај“ - Гранада, Шпанија
  • 2015 - Трета награда (Bronze Needle) од „Меѓународно биенале на сува игла” – Ужице, Србија
  • 2016 - Специјална награда на градоначалникот на Монтана од „Конкурс за графика, живопис и скулптура” - Монтана, Бугарија
  • 2017 - Финалист на 13-то меѓународно биенале на графиката "PREMIO ACQUI 2017" Акуи Терм, Италија
  • 2017 - Награда за млад автор од „Национална графичка изложба - Георги Герасимов” – Пазарџик, Бугарија
  • 2017 - Второ место од Национален конкурс за класични графички техники - Софија, Бугарија
  • 2018 – Награда Тодор Атанасов од конкурсот „Пријатели на морето“ - Бургас, Бугарија[5]