Злобница

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Злобница
Жанр драма, теленовела
Создадена од Инес Родена
Настапуваат Габриел Спаниќ
Фернандо Колунга
Шантал Андер
Доминика Палета
Артуро Пениче
Најавна песна "La Usurpadora", Pandora
Земја на потекло Мексико
Јазик Шпански
Број на епизоди 102
Продукција
Изврш(ен/ни) продуцент(и) Салвадор Мехиа Алехандро
Времетраење 45 минути
Емитување
Канал на емитување Канал2

Злобница (англиски: La Usurpradora), е една од најпознатите мексикански теленовели на сите времиња. Во главните улоги се појавуваат познатите актери Габриела Спаниќ и Фернандо Колунга. Серијата го освои целиот свет, а резлутат на тоа беа бројните награди, како и наградата за најдобра теленовела на годината.

Синопсис[уреди]

Паулина и Паола се две жени со многу сличен изглед, но емотивно и карактерно се многу различни. Тие се сретнале во еден хотел и сфатиле дека наликуваат една на друга. Паола Брачо е злобна, бесчуствителна и себична жена, венчана со Карлос Даниел, богат бизнисмен, кој е заслепен по нејзината љубов. Таа го изневерува со многу мажи, секако, тој за тие афери не знае. Кога ќе ја сретне Паулина, сфаќа дека наликува на неа, но Паулина е сиромашна и работи во ресторан. Набргу, на Паола и доаѓа на памет една идеја. Таа одлучила да ја прати Паулина во фамилијата Брачо,за да би можела да помине година дена со своите љубовници. Паулина не ја прифаќа понудата, но Паола со помош на своите сплетки ја присилува на тоа. Во куќата на фамилијата Брачо, Паулина се преправа дека е болна, и заради својата болест не може да спие во ист кревет со Карлос Даниел. И покрај тоа, таа се заљубува во Карлос Даниел. Времето поминува, а Паулина се повеќе и повеќе донесува радост и среќа во куќата на фамилијата Брачо, но Карлос Даниел не може да се изначуди што се случило со старата Паола Брачо. Набргу поминува година дена и Паулина одлучува да побегне и се вработува како медицинска сестра во болница. Карлитос, синот на Карлос Даниел, одлучува да ја побара Паулина, но доживува несреќа, и поради тоа го губи памтењето, но наоѓа на добри луѓе кои одлучуваат да ја пронајдат неговата фамилија и да му помогнат. Набргу, Паола се враќа во куќата, и поради своето однесување сите сфаќаат дека тоа е вистинската Паола, и ја надгледуваат се повеќе. Таа после тоа побегнува со својот љубовник Даглас Малдонадо. Кога Паулина дознава што се случило со Карлитос, одлучува да се врати во фамилијата Брачо, и одлучува повторно да се претвара дека е Паола.

Злобница на Балканот[уреди]

Македонија: МТВ Телевизија
Србија: Пинк Телевизија
Босна и Херцеговина: Пинк БХ
Хрватска: ХРТ1
Словенија: Канал А
Бугарија: ЕК
Грција: Алфа ТВ

Надворешни врски[уреди]