Злетовско четвороевангелие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Злетовско четвороевангелие - средина на 14 век

Опис: Злетовски пергаментни листови од четвороевангелие, српска редакција, од средината на XIV век.

Пергамент: 2 оштетени листа. Првиот лист е со димензии 20 х 19,5 см., а вториот 21,5 х 19 на големата димензија. Првиот лист е исечен полукружно од левата страна каде што е зафатен голем дел од текстот, а вториот лист е исечен полукружно од десната страна и е зафатен голем дел од текстот од левата и долна страна. Листовите служеле како потполнка на икона. Пергаментот доста е издупчен од инсекти.

Писмо: Првиот лист има 16 реда, а вториот 20 максимална бројка, во две колони, убаво уставно писмо со облици од средината на XIV век. Правописот е од Рашката правописна школа со еден ер (ь). Од интерпункцијата употребена е точката и запирката. Акценти нема.

Водени знаци: Нема.

Орнаментика: Нема.

Повез: Се чува во папка.

Содржина: Фрагмент од четвороевангелие (Матеј, гл. 11 ст. 7 - гл. 12 ст. 4).

Потекло: Фрагментот е најден во с. Злетово - Кратовско.