Зијамет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Зијамет – особен вид на земјиштен имот во Османлиското Царство со годишен приход од 20 000 до 100 000 акчиња. Зијаметите биле определени не толку според површината на земјата, колку по годишниот приход од неа.

Зијаметите се делеле од фондот на државни земјишта во замена за воена служба или други задолженија кон централната власт. Управителот на зијаметот бил задолжен при воените походи да обезбеди вооружени коњаници за турската армија, по еден за секои 5 000 акчиња од доходот на зијаметот. Во 1844 година, воено-земјениот систем бил укинат.

Поврзано[уреди | уреди извор]