Зеленкар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зеленкар- должина 12.5-15 см

Зеленкар (vireo solitarius) спаѓа во групата на песнопојните.

Распространетост и навики[уреди | уреди извор]

Ја населува Северна Америка, од средна Канада сè до Мексико. Зеленкарот е птица преселница, која на есен ги напушта северните региони и зимата ја минува во јужните делови од САД и Мексико каде што живеат популациите кои во овие делови имаат постојани живеалишта.Неговото гнездо најчесто се наоѓа во мешовитите и зимзелените шуми. Гнездото е составено од тревки,стебленца и ленти од кората на стеблото,кои се вткаени во неговата основа.Женката положува 3 до 5 јајца и самата лежи врз нив 13 до 14 дена, а младите ги храни со гасеници и пајаци.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]