Зелена анаконда (криптид)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Извештаи за џиновски анаконди потекнуваат уште од откривање на Јужна Америка, кога наводно е видена анаконда долга дури 50 метари. Тогаш наводно и нападнала колонисти. Џиновската анаконда е предмет на спор помеѓу зоолози и криптозоолози. Анакондите можат да пораснат долги до 6 метари и повеќе. Тешки се околу 150 килограми. Иако некои питони можат да пораснат и подолги, зелената анаконда е најтешка и најголема змија. Таа е втора најдолга змија после питонот ретикулатус. Најдолги пронајдени анаконди биле долги околу 7,5 метари. Постојат тврдења за анаконди долги помеѓу 26 и 29 метари, иако тие останале непотврдени.[1][2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Првата џиновска анаконда била видена уште во времето на откривање на Америка, кога европски истражувачи отишле во џунгла и тврделе дека таму виделе змии долги 18 метари. Домородците исто така зборувале дека виделе змија подолга од 10 метари. Анаконди кои се долги од 7 метари многу се ретки. Друштво за зачувување на диви животни на почетокот на 20 век понудило голема парична (50000 американски долари) на оној кој би фатил змија подолга од 9 метари. И покрај бројните видувања на џиновски анаконди, никогаш не е фатена анаконда подолга од 9 метари.[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Soomro, A. 2001. "Eunectes murinus" (On-line), Animal Diversity Web. Accessed January 10, 2008 at http://animaldiversity.ummz.umich.edu/site/accounts/information/Eunectes_murinus.html
  2. Weldon 1993, стр. 489
  3. Murphy JC, Henderson RW. 1997. Tales of Giant Snakes: A Historical Natural History of Anacondas and Pythons. Krieger Pub. Cous. ISBN 978-0-89464-995-0.
  4. Extreme Science: Which is the Biggest Snake?. Accessed January 10, 2008.
  5. .The Search for the $50,000 Snake. Archived 2009-10-31.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Weldon, Kevin (1993). Encyclopedia of Animals: Mammals, Birds, Reptiles, Amphibians. Sydney, Australia: Reader's Digest Association Inc. стр. 489. ISBN 978-1-875137-49-7.