Жихарка (цртан филм, 2006)
Жихарка е руски цртан филм од 2006 година заснован врз истоимената руска народна (уралска бајка), создаден од режисерот Олег Ужинов во студиото Пилот со учество на продуцентската куќа Аероплан. Поднаслов: „Приказна раскажана од уралски козак на неговата ќерка“.
Цртаниот филм е дел од циклусот „Планина на скапоцени камења“. Филмот учествувал во натпреварувачката програма на фестивалот Суздал-2007 година.
Заплет
[уреди | уреди извор]Некогаш живееле ковачите Мачка и Врабец. Тие имале мало девојче Жихарка. Таа била добра со сите, но многу сакала да си игра и да не се покорува. Еднаш Мачката и Врабецот заминале на саем, а во тоа меѓувреме Жихарка била киднапирана од итрата Лисица која имала намера да ја изеде. Лисицата била злобна и итра, но Жихарка била толку немирна, спонтана и наивна, што лисицата не успевала да ја изеде.
Креатори
[уреди | уреди извор]Режисер | Олег Ужинов |
Сценаристи | Олег Ужинов, Елена Ужинова |
Дизајнер на производство | Елена Ужинова |
Аниматори | Антон Скачков, Леон Естрин, Сергеј Ромашкин, Андреј Кузнецов, Константин Арефиев, Татјана Хороших, Евгениј Дудин, Наталија Новик |
Музички аранжман | Михаил Горшков, Сергеј Родиуков |
Звучни инженери | Елена Николаева, Сергеј Алмаев |
Директор | Игор Гелашвили |
Продуцент | Ирина Капличнаја |
Менаџер на проект | Александар Татарски |
Улогите ги толкувале | Екатерина Кудријавцева, Михаил Березовој, Анатолиј Лоботски, Олга Гусилетова, Олег Ужинов |
Музика
[уреди | уреди извор]Филмот ги користел снимките на свирачите на хармоника Верховаж, Виталиј Пашов, Василиј Федјаевски, Леонид Шемелин, направени во фолклорните експедиции на Државниот републикански центар на рускиот фолклор и Центарот за руска традиционална култура „Високуша“.
Митологија
[уреди | уреди извор]Во приказната се споменува митолошки лик - Бабајка (Баба Јага), која го плаши малото девојче.
Награди и фестивали
[уреди | уреди извор]- 2006 година - 9-ти меѓународен фестивал „Анимаевка“ во Могиљов. Гран при наградата му била доделена на режисерот Олег Ужинов за филмот „Жихарка“.[1]
- 2006 година - VIII меѓународен филмски фестивал „Бајка“ во Москва. Во делот на анимирани кратки филмови, Гран при добил филмот „Жихарка“ во режија на Олег Ужинов.[2]
- 2007 година - ОРФАК во Суздал: Најдобриот филм за деца - „Жихарка“ во режија на Олег Ужинов.[3]
- 2007 година - XIV меѓународен фестивал на анимација во Штутгарт - награда во номинацијата „Најдобар детски филм“.[4] Од заклучокот на детското жири: „Жихарка е прекрасен и смешен филм, исполнет е со неверојатни и интересни настани. Сметаме дека графичките филмови се исклучително интересни, никогаш не сме виделе нешто слично. Идејата за претворање на бајка во цртан филм е одлична.“
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Призы "Анимаевки": Гран-при достался "Жихарке" Олега Ужинова“. Аниматор.ру. 2006-10-13. Посетено на 2018-05-12.
- ↑ „Гран-при фестиваля "Сказка" достался "Князю Владимиру"“. Аниматор.ру. 2006-12-29. Посетено на 2018-05-12.
- ↑ „Подведены итоги фестиваля в Суздале“. Аниматор.ру. 2007-03-04. Посетено на 2018-05-12.
- ↑ „Олег Ужинов - лауреат фестиваля в Штутгарте“. Аниматор.ру. 2007-05-02. Посетено на 2018-05-12.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Жихарка (во циклусот Планина на скапоцени камења) на страницата „Енциклопедија на руското кино“