Животот на Пи (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Животот на Пи (англиски: The Life of Pi) е американски филм во режија на Анг Ли.

Факти за филмот[уреди | уреди извор]

Филмот е режиран од режисерот Анг Ли, познат по филмовите „Планината Кршенгрб“ и „Клекнат тигар, притаен змеј“. Главните улоги ги толкуваат Сурај Шарма, Ирфан Кан, Рејф Спол и Жерар Депардје. Филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ во 11 категории, а освоил четири статуетки, помеѓу кои и оние за најдобар режисер и за најдобри визуелни ефекти.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажуваат доживувањата на младиот Пи, кој по еден бродолом се спасува на мал чамец, но мора да го дели друштвото со единствениот друг преживеан - страшниот бенгалски тигар. Тие двајца со текот на времето се спријателуваат и одат на епско патување, исполнето со авантури.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Спектакуларна авантура во друштво на бенгалски тигар“, Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 3.
  2. „Спектакуларна авантура во друштво на бенгалски тигар“, Антена, бр. 804, 22.11.2013, стр. 3.