Жени-бегaлци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Група жени-бегалци во Чад

Жените бегалци се посебна категорија бегалци кои при бегањето се соочуваат со родови специфични предизвици во секојдневниот живот и во секоја фаза од нивното миграциско искуство.[1] Во егзил, жените не само што стануваат жртви на такви предизвици, туку честопати се соочуваат со злоупотреба и занемарување на своите специфични потреби и искуства, што доведува до сложени последици, вклучувајќи деморализација, стигматизација и пропаѓање на менталното и физичкото здравје.[2] Недостатокот на пристапи до соодветни ресурси на меѓународните организации за хуманитарна помош отежнат е од преовладувачките родови претпоставки ширум светот, иако неодамнешните промени во родовата еднаквост имаат за цел да се борат против овие заеднички одлики.[3]

Предизвици[уреди | уреди извор]

Заеднички предизвици за сите жени бегалци, без разлика на другите демографски одлики, се:[3]

  • несоодветен пристап до здравствена заштита,
  • физичка злоупотреба,
  • чести случаи на дискриминација,
  • сексуалното насилство и
  • трговија со луѓе.

Здравје[уреди | уреди извор]

Здравствена амбуланта во рамките на бегалскиот камп

Здравствени проблеми

Здравствените проблеми со кои се соочуваат жените бегалци се движат од дехидратација и дијареја, до висока температура и маларија. Тие, исто така, вклучуваат феномени од поширок опсег, како што се родово засновано насилство и здравје на мајките.

Водечки причини за смрт

Главните причини за смрт на жените бегалци се:[1]

Проблеми

Здравствените компликации и грижата за жените бегалци преовладуваат како за време на нивниот престој во привремени бегалски кампови или засолништа, така и кога ќе се преселат во земјите на азил или на преселување.[4]

На здравствените проблеми на жените бегалци влијаат различни фактори на средината, но и на нивната моментална физичка, ментална и социјална благосостојба.[4]

Надворешните фактори кои придонесуваат за здравствените проблеми на жените бегалци вклучуваат:

  • културно зголемена родова нееднаквост,
  • ограничена мобилност,
  • недостаток на пристап до здравствени установи,
  • висока густина на население во бегалските кампови и
  • низок степен на образование (пред се во областа на здравјето).[5]

Репродуктивно здравје[уреди | уреди извор]

Меѓународните организации за хуманитарна помош, како што се Обединетите нации, наведуваат дека соодветната репродуктивна нега мора да биде „безбедна, делотворна“. . . [и] достапна,[6] “и затоа, според Обединетите нации, универзалните вредности во човековите права мора да бидат поддржани со достапноста на заштитата на човековите права. Кога станува збор за жените, тоа се однесува на репродуктивните здравствени потреби на сите жени, услуги кои се во согласност со соодветните стандарди во таа област, притоа почитувајќи ги културните разлики, што за жал ретко им се дава на жените бегалци.[1]

Поради недостатокот на задоволителна репродуктивна здравствена заштита во бегалските кампови, компликациите поврзани со породувањето и бременоста биле една од водечките причини за смрт и болест кај жените бегалци кои живееле во транзиционите кампови во 2010 година.[1]

Жените бегалци кои ги напуштиле камповите за хуманитарна помош и трајно се преселиле во земјите за азил и преселување, исто така, се соочуваат со проблеми од облас на репродуктивното здравје.[4] Студија објавена во 2004 година. во Journal of Midwifery and Women's Health наведува дека жените бегалци кои живеат во богатите земји се соочуваат со проблеми во пристапот до соодветна репродуктивна нега поради стереотипите, јазичните бариери и недостатокот на културна почитување и разбирање.[4]

Ментално здравје[уреди | уреди извор]

Жените бегалци честопати се соочуваат со мноштво компликации во врска со менталното здравје во своите матични земји, во бегалските кампови и во земјите на преселување или азил.[1] Во нивните матични земји, жените кои избегале како бегалци можеби биле психосоцијално или физички малтретирани од различни причини, вклучувајќи и геноцид; обид да се посрамоти семејство, заедницата или култура; или поради тоа што се смета за „политички опасно.[7] Овие форми на злоупотреба честопати доведуваат до егзил или бегство и имаат тенденција да предизвикаат проблеми и штетни последици по менталното здравје и благосостојбата на жените бегалци.[7]

Во бегалските кампови, на менталното здравје на жените бегалци влијаат и случаите на дискриминација врз основа на пол, сексуално и семејно насилство, принудна работа и тешки обврски.[8] Во земјите на азил и преселување, компликациите по менталното здравје се исто така распространети поради јазичните и културните бариери, посттрауматскиот стрес поради бегството од прогонството во нивните матични земји, тешкотиите во барање на лекување на менталното здравје и зголемената веројатност за соочување со злоупотребата во споредба со државјаните на земјата.

Како одговор на бегството од нивните матични земји, жените бегалци и баратели на азил развиваат посттрауматско стресно нарушување (ПТСН). Многу истражувачи ја подкатегоризираат [8] конструкт траумата како:[9]

  • сексуален напад,
  • физичка злоупотреба,
  • сведоци на насилство,
  • партнерско насилство
  • меѓуљудска траума,
  • траума од детството и
  • комплексна траума.

Исто така, истражувачките студии го дефинираат посттрауматското стресно нарушување (ПТСН) како што е наведено од страна на Американското здружение на психијатри. Некои симптоми на ПТСН вклучуваат наметливи и повторувачки искуства како што се кошмари или ретроспективи, интензивно искуство на чувства поврзани со настанот, чувство на одвоеност, избегнување на стимули поврзани со трауматскиот настан, зголемена возбуда, негативни промени во расположението и прекумерен одговор на страв.

Ако симптомите на ПТСН не се лекуваат, многу преживеани може да доживеат депресија, анксиозност, проблеми со концентрацијата, тешкотии со спиењето, раздразливо однесување, изливи на гнев и тешкотии во воспоставувањето на здрави и значајни други врски.

Бегството од матичната земја може да предизвика продолжен психички стрес во брачните и семејните односи. Во некои случаи, вложување на жените во семејниот и животот во заедницата било штетно погодено, оставајќи ги особено ранливи на ефектите од траумата поради влијанието врз родовите улоги на жените во различни земји.

Жените имаат тенденција да ги негуваат другите и да одржуваат врски.[10] Оваа динамика на крајот придонесува за поврзување и усогласување со другите. Приврзаноста со другите е една од општествените динамики кои влијаат кога некој ќе доживее ПТСН. Овие ефекти можат да бидат исклучително штетни за жените кои имаат тенденција да напредуваат преку создавање и одржување врски со други биолошки суштества.

Исхрана[уреди | уреди извор]

Бегалците од Јужен Судан добиваат храна. Многу од нив се жалат на глад поради рационализирањето на храната од страна на Светската програма за храна
Мажите мешаат храна за бегалците од Јужен Судан кои нашле безбедно засолниште во населбата Имвепи во областа Аруа.

Неухранетоста на жените бегалци се манифестира на различни начини како во бегалските кампови така и во земјите на азил и преселување.[1] Прашањата за безбедноста на храната, економските и политичките недоразбирања и дискриминацијата во бегалските кампови придонесуваат за лошата исхрана и нарушеното здравје на многу жени бегалци.[11]

Во една студија за помош во храна во бегалските кампови во Руанда, експертите откриле дека недостатокот на внимание и несоодветниот ангажман на меѓународните агенции за помош во политичката, економската и културната работа во земји во криза може да доведе до неадекватна и несоодветна помош во храна, што пак може да резултира со неухранетост на бегалците.[11]

Други студии покажале дека и покрај недостатокот на правна разлика помеѓу мажите и жените бегалци, меѓународните бегалски заедници, па дури и хуманитарните организации имаат тенденција да ја поддржуваат дискриминација врз основа на пол.[12] Ова се претвора во непропорционална потхранетост на жените бегалци поради недостаток на приоритет во дистрибуцијата на храна, како и медицинска нега за прашања поврзани со исхраната и недостаток на репродуктивна нутритивна грижа.[13]

Проблемите со потхранетост сè уште постојат во земјите на азил за жени бегалци, кои се манифестираат преку механизмите на несигурност во снабдувањето со храна и недостаток на едукација за исхрана.

Студија за жени бегалци од Сомалија од 2013 година открила дека стапките на внесување на месо и јајца се значително повисоки меѓу жените бегалци отколку споредливите популации на жени државјанки на земјата домаќин, додека стапките на внесување овошје и зеленчук биле значително пониски.[13]

Поврзана студија за жени бегалци од Камбоџа открила дека вообичаени причини за лоша исхрана биле живот во области со:[14]

  • несигурни извори на храна,
  • ниски примања,
  • недостаток на економски средства за купување на храна и
  • недостаток на образование за исхрана во нивната нова земја на престојување.

Сексуално и родово базирано насилство[уреди | уреди извор]

Зачестеност на сексуално насилство на глобално ниво

Според Обединетите нации, родово засновано насилство во контекст на напади врз жените бегалци е „секој чин на насилство што доведува до ... физичка, сексуална или ментална повреда или страдање на жените, вклучително и закани ... на принуда или произволно лишување од слобода.“ [20] за жените бегалци тоа е и сексуално и несексуално, иако случаите на насилство најчесто се манифестираат во форма на сексуално насилство врз жените бегалци.[15]

Според една студија од 2000 година [16] жените се особено подложни на силувања и други форми на сексуален напад за време на војна и „дезинтеграција на друштвените структури“ од различни причини. Овие причини вклучуваат социјални немири, мешање на различни култури и вредности, преовладувачката динамика на моќ и ранливоста на жените кои бараат засолниште.[17] Начините на кои се манифестира насилството и сексуалните напади врз жените бегалци вклучуваат принудна проституција или принуден секс од страна на работници/волонтери на меѓународни хуманитарни агенции, принудна проституција или принуден секс од страна на колеги од бегалскиот камп, принудна проституција или принуден секс од страна на членови на локалната заедница, силување со која било од горенаведените демографии, со размена на секс за витални материјални добра или услуги или со обид да се обесчести жената, нејзиниот сопруг или нејзиниот татко.[16] Сексуалното насилство се смета за табу тема во многу култури, и затоа родово засновано насилство честопати не се пријавува. Дури и ако жените сакаа да пријават насилство, тие честопати немаат каде да се обратат во бегалскиот камп.[18]

Жените бегалци и барателите на азил се соочуваат не само со физичко насилство, туку и со емоционална злоставување. Емоционалното злоуставување се опишува како секое намерно однесување кое сериозно го нарушува психолошкиот интегритет на друго лице преку принуда или закани. Примери за емоционално злоставување вклучуваат изолација од другите, затворање, финансиска контрола, вербална агресија, отфрлање, закани, заплашување, контрола, негирање на злоставувањеа на жртвата и користење на вина или срам како форма на контрола. Студијата спроведена на жени кои преживеале траума фокусирана на менталното здравје кај барателите на азил открива дека меѓу сите видови сексуално и родово насилство (СГБВ), 62% од примерокот доживеале некаква форма на емоционално злоставување.[19]

Емоционалното злоставување честопати се занемарува бидејќи нема физички показатели. Во студијата фокусирана на врската помеѓу емоционалното злоставување и свеста, истражувачите откриле дека преживеаните честопати развиваат когнитивни стратегии за да се справат со својата околина. Да додадеме, луѓето кои преживеале емоционално злоставување можат да развијат навики на негирање и дисоцијација за да ги спречат вознемирувачките мисли од свеста и на крајот се заштитиле. Како резултат на тоа, преживеаните ја кријат реалноста на својата ситуација од свеста и можеби не ги толкуваат своите околности како емоционално злоставување и држат идентитетот на злоставена.[20]

Спротивно на тоа, некои преживеани доживуваат многу психолошки ефекти, кои понатаму ја опишуваат сложеноста на емоционалното злоставување. Процесот на азил довел до тоа да многу жени се среќаваат со понижување, затворање и емоционален стрес.[20] Последиците од емоционалниот и психолошкиот стрес биле откриени кај две третини од учесниците. Испитаниците ги опишале како „депресивни“, „психолошки хаос“, „очајни“ или „многу несигурни“. Освен тоа, преживеаните станале изолирани и повеќе не им верувале на другите. Други се справувале со анксиозност, срам, вина, фрустрација, гнев и омраза. Еден од испитаниците рекол: „Подобро е да се удира отколку да се зборува. Тоа што го кажа ме повреди повеќе од шлаканицата. „Понекогаш е полесно да се нанесе удар отколку психолошка тортура.[20] Овој тажен цитат фрла светлина на тоа колку е болна реалноста на оние кои страдаат од физичко и емоционално злоставување.

Некои фактори на ризик поврзани со бегалците и барателите на азил се идентификувани како фактори на однесување и меѓучовечки фактори. Факторите на ризик во однесувањето вклучуваат употреба на дрога и алкохол, вербални и невербални ставови, ноќевање сами на улица, недостаток на вештини за самоодбрана и непознавање на јазикот на земјата домаќин. Овие типови на фактори на ризик во однесувањето довеле до тоа жените да имаат „ не самондоверба“, „да се чувствуваат психичко болни“ и „немаат многу мозок“. Една четвртина од испитаниците сметаат дека тоа што се жена е исто така фактор на ризик, што ги доведува до ранливи искуства.[20] Да дополниме, испитаниците ги опишале интраперсоналните фактори на ризик како „имаат лоши примери како пријатели и родители“ и „немаат на кој да се обратат“. Несомнено, комбинацијата на овие фактори на ризик предизвикува многу жени да се чувствуваат безвредно и безнадежно.

Покрај тоа, резултатите од емоционалното злоставување може да влијаат на поединците во однос на нивните друштвени мрежи и да ги лишат од можностите за иден личен, социјален и економски развој. Честопати, кога барателите на азил и бегалците бараат помош, ризикуваат да бидат одвоени од своите деца, да бидат обесчестени како жени или нивниот срам да се пренесе на нивните семејства. Чинот на барање помош потенцијално може да предизвика поголем ризик за нивните животи.[20] Оваа динамика им отежнува на жртвите (SGBV) да бараат поддршка. Потребни се повеќе истражувања за да се одговори на сложеноста на барање помош за бегалците и барателите на азил.

Во проценката дадена од УНЦХР во врска со европската бегалска „криза“ од 2015 година се наведува дека околу дваесет проценти од бегалците кои влегле во ЕУ се жени.[21] Жените кои станале ранливи поради нивниот статус на бегалци, го пријавиле граничниот персонал кој е задолжен за следење на нивното здравје и безбедност како извршител на сексуално и родово насилство (СГБВ).[21] Како одговор, институциите задолжени за справување со сексуалното насилство и насилство, како што е Заедничкиот европски систем за азил (CEAS), формално интегрирале обука за родова чувствителност за да се исполнат меѓународните и стандардите на ЕУ.[21] Тука спаѓаат Конвенцијата за бегалци од 1951 година, Конвенцијата за елиминација на секаква дискриминација врз жените и Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Сепак, истражувањето за ова прашање кое во 2016 година го спровела Џејн Фридман меѓу клучните актери како што се бегалците, Фронтек (функционери на Европската гранична и крајбрежна стража), UNCHR и организациите за човекови права истакнаа дека интеграцијата на родовата специфична обука против насилството дала лоши резултати.[21] Следствено, бегалците кои влегуваат во ЕУ изразија загриженост за недостапноста на основните засолништа и услуги во камповите со висока густина на населеност како основна бариера за обезбедување на безбедност од сексуално насилство и насилство.[21] Жените бегалци, исто така, се соочуваат со зголемена изложеност на насилство на нивните патувања.[21] Ова обично се случува од страна на оние кои им го олеснуваат патувањето, кое Фридман го нарекува „шверцери“.[21] Правната природа на овие инциденти на насилство го прави пријавувањето тешко и недостапно.[21] Покрај тоа, честите промени на патиштата за азил поради граничните ограничувања во ЕУ ја зголемуваат изложеноста на жените бегалци на насилство така што продолжува нивното времетраење.[21]

Жените бегалки често се подложени на принудна работа во бегалските кампови преку зајакнување на традиционалните родови улоги и стереотипи.[3] Жените во бегалските кампови често се примарен извор на физичка работа за собирање и филтрирање на водата, како и за мали градинарски и земјоделски работи и подготовка на храна. [19] И покрај нивната голема улога во овие области, жените биле исклучени од раководството во одборите и планираните партии во бегалските кампови и биле префрлени на строго тешки улоги. Во меѓувреме, мажите бегалци честопати се гледаат на позиции на влијание и моќ во кампот и меѓу меѓународните асоцијации за помош.[3]

Жените бегалци во привремените кампови, исто така, честопати биле подложени на принудна работа, која вклучува присилна проституција и присилна физичка работа.[16] Покрај кршењето на законските права на бегалците, утврдено е дека принудната работа која ја доживуваат жените во бегалските кампови е штетна за нивната физичка, психичка и ментална благосостојба. Жените подложени на оваа и друга принудна работа честопати се бараат врз основа на нивната раса и стереотипната ниска положба во општеството.[16]

Хуманитарна помош[уреди | уреди извор]

Бројни невладини организации (НВО) и меѓувладини организации работат на обезбедување на хуманитарна помош во име на жените и децата бегалци.

Во 1989 година првите напори за родова специфична помош за бегалците биле објавени во прирачниците на Високата комисија за бегалци на Обединетите нации. Првите иницијативи за родова еднаквост во помошта на бегалците биле развиени како одговор на бегалската криза во Гватемала, Босна и Херцеговина и Руанда. Оттогаш, концептот на хуманитарна помош добил на интензитет во различни иницијативи за помош на бегалците, иако експертите веруваат дека постојат празнини помеѓу политиките што ги наведуваат и искуствата на жените бегалци.

Студиите на Дорин Индра покажуваат дека иако постојат многу институции кои пружаат хуманитарна помош за жените бегалци, таа можеби нема да го достигнат својот полн потенцијал поради недостатокот на придонеси за бегалците во програмите и политиките кои треба да им пружат помош. Кога жените бегалци биле исклучени од процесот на развој на хуманитарна помош, било откриено дека политиките честопати се донесуваат вкоренети во традиционалните родови претпоставки, со што се зајакнуваат традиционалните, а понекогаш и штетните родови улоги во бегалските кампови [22]

Прегледот на Линда Ципријано открила дека постои уште една пречка во пружање на ефикасна помош на жените бегалци, а тоа е несразмерно скратен статус на жените бегалци, што пак за возврат делува како пречка за добивање на помошта што им е потребна.[23]

Од својот почеток, универзалната дефиниција за бегалци, како што е опишана од Обединетите нации, гласи дека бегалец е лице со „основан страв од прогон поради раса, вера, националност или политичко мислење. „Според оваа дефиниција, прогон врз основа на раса, вера, националност или политичко мислење, иако во тој прогон не се заштитени основите на полот и сексуалното насилство. Многу земји не се придржуваат до овој строг јазик и им го ускратуваат на жените пристапот до услугите како декларирани бегалци по овие основи.[23]

Меѓународниот комитет за спас служи како застапник на жените во странските влади да донесуваат закони кои се однесуваат на здравјето и благосостојбата на жените бегалци. Тие, исто така, ги обврзуваат мажите и момчињата да ја променат културата на насилство врз жените.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Nations, United. „Universal Declaration of Human Rights“. United Nations (англиски). Посетено на 2022-06-21.
  2. 2,0 2,1 „International Rescue Committee (IRC)“. International Rescue Committee (IRC) (англиски). Посетено на 2022-06-21.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Indra, Doreen (1987). "Gender: a key dimension of the refugee experience". Canada's Journal on Refugees. 6.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Herrel, Nathaly (July 2005). "Somali refugee women speak out about their needs for care during pregnancy and delivery". Journal of Midwifery and Women's Health. 49 (4): 345–349.
  5. Poureslami, IM; et al. (September 20, 2004). "Sociocultural, Environmental, and Health Challenges Facing Women and Children Living Near the Borders Between Afghanistan, Iran, and Pakistan (AIP Region)". MedGenMen. 6 (3). Retrieved 13 April 2011.
  6. Nations, United. „Universal Declaration of Human Rights“. United Nations (англиски). Посетено на 2022-06-21.
  7. 7,0 7,1 Agger, Inger (1994). The Blue room. Trauma and testimony among refugee women. A psycho-social exploration. Zed Books.
  8. 8,0 8,1 Cole, Ellen (October 2008). "Refugee women and their mental health: Shattered societies, shattered lives". Women and Therapy. 13 (1–2): 1–4. doi:10.1300/J015V13N01_01.
  9. Gulden, Ashley W.; Jennings, Len (2016-01-01). "How Yoga Helps Heal Interpersonal Trauma: Perspectives and Themes from 11 Interpersonal Trauma Survivors". International Journal of Yoga Therapy. 26 (1): 21–31
  10. Taylor, Shelley E.; Klein, Laura Cousino; Lewis, Brian P.; Gruenewald, Tara L.; Gurung, Regan A. R.; Updegraff, John A. (2000). "Biobehavioral responses to stress in females: Tend-and-befriend, not fight-or-flight". Psychological Review. 107 (3): 411–429
  11. 11,0 11,1 Pottier, Johan (December 1996). "Why Aid Agencies Need Better Understanding of the Communities They Assist: The Experience of Food Aid in Rwandan Refugee Camps". Disasters. 20 (4): 324–227. doi:10.1111/j.1467-7717.1996.tb01047.x. PMID 8991217.
  12. Johnsson, Anders (January 1989). "The International Protection of Women Refugees A Summary of Principal Problems and Issues". International Journal of Refugee Law. 1 (2): 221–232. doi:10.1093/ijrl/1.2.221.
  13. 13,0 13,1 Dharod, JM (January 2013). "Food insecurity: its relationship to dietary intake and body weight among Somali refugee women in the United States" (PDF). Journal of Nutrition Education and Behavior. 45 (1): 47–53. doi:10.1016/j.jneb.2012.03.006. PMID 23084983
  14. Peterman, Jerusha Nelson (August 2010). "Relationship between past food deprivation and current dietary practices and weight status among Cambodian refugee women in Lowell, MA". American Journal of Public Health. 100 (10): 1930–1937.
  15. SUBOTICA.com. „Žene izbeglice laka meta za trgovce ljudima | (Vesti - 17. 06. 2022) Subotica.com“. SUBOTICA.com (српски). Посетено на 2022-06-23.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 Hynes, Michelle (October 2000). "Sexual violence against refugee women". Journal of Women's Health & Gender-Based Medicine. 9 (8): 819–823.
  17. MacLeod, Linda (1990). Isolated, afraid and forgotten: The service delivery needs and realities of immigrant and refugee women who are battered. Ottawa, Canada: National Clearinghouse on Family Violence, Health, and Welfare.
  18. Norton, Robyn; Hyder, Adrian A.; Gururaj, Gopalakrishna (2006), "Unintentional injuries and violence", in Mills, Anne J.; Black, Robert E.; Merson, Michael (eds.), International public health: diseases, programs, systems, and policies (2nd ed.), Sudbury, Massachusetts: Jones and Bartlett, p. 337
  19. Kalt, Anne; Hossain, Mazeda; Kiss, Ligia; Zimmerman, Cathy (March 2013). "Asylum Seekers, Violence and Health: A Systematic Review of Research in High-Income Host Countries". American Journal of Public Health. 103 (3): e30–e42. doi:10.2105/AJPH.2012.301136. ISSN 0090-0036. PMC 3673512. PMID 23327250.
  20. 20,0 20,1 20,2 20,3 20,4 Keygnaert, Ines; Vettenburg, Nicole; Temmerman, Marleen (May 2012). "Hidden violence is silent rape: sexual and gender-based violence in refugees, asylum seekers and undocumented migrants in Belgium and the Netherlands". Culture, Health & Sexuality. 14 (5): 505–520. doi:10.1080/13691058.2012.671961. ISSN 1369-1058.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 21,4 21,5 21,6 21,7 21,8 Freedman, Jane (2016). "Sexual and gender-based violence against refugee women: a hidden aspect of the refugee "crisis"". Reproductive Health Matters. 24 (47): 18–26. doi:10.1016/j.rhm.2016.05.003. ISSN 0968-8080. PMID 27578335
  22. NDRA, DOREEN MARIE (1989-01-01). "Ethnic Human Rights and Feminist Theory: Gender Implications for Refugee Studies and Practice". Journal of Refugee Studies. 2 (2): 221–242.
  23. 23,0 23,1 Cipriano, Laura (1993). "Gender and Persecution: Protecting Women under International Refugee Law". Journal of International Law.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]