Жена под влијание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Жена под влијание (англиски: Woman under the influence) - американски филм од 1974 година, во режија на Џон Касаветес, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Џина Роулендс, Питер Фалк, Фред Дрејпер, Лејди Роулендс, Кетрин Касаветес, Метју Касел, итн.[1] Филмот постигнал голем успех кај филмската критика: имал две номинации за „Оскар“, освоил еден „Златен глобус“ и бил номиниран уште во три други категории, а во 1990 година бил сочуван во Националниот филмски регистер на САД.[2]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Мејбл (ја игра Џина Роулендс) е домаќинка која страда од психички нарушувања поради што се однесува многу чудно. Нејзиниот сопруг Ник (го игра Фалк) ја сака и се обидува да биде трпелив кон неа. Меѓутоа, еден ден, Мејбл организира мала забава на која ги кани децата на соседот. На забавата, таа се однесува многу чудно, а кога се враќа дома, Ник избувнува и одлучува да ја испрати Мејбл на лекување. Оставен сам со децата, Ник се покажува како неспособен родител и не може да се снајде во таа улога. По шест месеци, таа доаѓа дома. За таа прилика, Ник организира забава, но во последен миг ги брка гостите, така што Мејбл ја предечуваат само најблиските. Меѓутоа, Мејбл не е психички подготвена за средбата со најблиските така што дочекот минува во мачна атмосфера. Кога Мејбл се повредува, Ник ги праќа децата на спиење, а потоа тој и Мејбл ја средуваат масата.

Наводи[уреди | уреди извор]