ЖФК Љуботен Тетово

Од Википедија — слободната енциклопедија

Женскиот фудбалски клуб ЉУБОТЕН Тетово е основан на 08.08.2017 година и како дел од најстариот активен фудбалски клуб ЉУБОТЕН во Македонија, заедно со машката екипа ја наставува фудбалската традицијата во Тетово од 1919 година. Основачи на ЖФК Љуботен Тетово се Александар Пишовски, прв претседател и Мирко Видоески прв генерален секретар на клубот. Од првенствената сезона 2018/2019 година клубот успешно се натпреварува во првата женска фудбалска лига на Македонија. Летото 2020 година ЖФК Љуботен Тетово го презеде ново раководство кое прави сѐ клубот да се вивне во европски височини. За таа цел во зимскиот прелазен рок 2021 година ЖФК Љуботен се засили со Ана Беатриз-Роналдиња и Таила Гомес (Бразил), Сенада Муратовиќ (БиХ), Анѓела Миловановиќ, Сања Paткoвиќ (Србија), со македонските репрезентативки Јулија Живиќ, Магдалена Лекоска и Сања Митреска, кои заедно со Ангела Зафироска, Егзона Јашари, Марија Белистојаноска, Ива Јованоска, Тамара Петровска, Ема Стевоска, Мелани Атлеска и другите ќе игра значајна улога во македонскиот женски фудбал.

Женскиот фудбалски клуб ЉУБОТЕН Тетово во првенствената сезона 2021/2022 година ја освои шампионската титула во Првата женска фудбалска лига на Македонија, со 17 победи, 4 нерешени натпревари и само еден пораз и со освоени 55 бодови. За шампионската екипа настапуваа: Магдалена Лекоска, Ива Јовановска, Стефани Петревска, Анѓела Миловановиќ, Елена Петровска, Жосеане Де Фреитас Лулу, Присила Едите Силва, Александра Марковска, Сања Ратковиќ, Сара Хусеин, Мариа Јолеидес Лискано, Мила Павловска, Росана Китановска, Емилија Стоиловска, Ангела Ванеска, Мирјана Ѓероска, Елена Симјонова, а во есенскиот дел и Татиане Мораеш, Јулија Живиќ, Марија Белистојаноска, Анида Идризи, Теодора Бартон и Ивана Димоска.

ЖФК ЉУБОТЕН Тетово во сезоната 2022/2023 ќе ја брани титулата со следниот состав: Магдалена Лекоска, Анѓела Миловановиќ, Елена Петровска, Присила Едите Силва, Александра Марковска, Сања Ратковиќ, Сара Хусеин, Чеури Гоја, Мајса Бенедито, Христина Јошевска, Павлина Николовска, Теодора Јанковска, Мила Павловска, Ива Јовановска, Стефани Петревска, Росана Китановска, Ангела Ванеска, Мирјана Ѓероска, Елена Симјонова, Ивана Димоска и Тамара Петровска. (Болдирани се фудбалерките коишто му пристапија на клубот во летниот преоден рок)

ЖФК ЉУБОТЕН Тетово на 16 мај 2023 година го освои купот на Македонија, во финалето одиграно на стадионот на ФК Македонија Ѓорче Петров убедливо ја совлада екипата на ЖФК Каменица САСА со 4:0 (2:0). Головите ги постигнаа Мајса Бенедито, Чеури Гоја, Присила Едите Силва и Бојана Петкова. ЖФК Љуботен настапи со следниот состав: Лековска, Јовановска, Петровска, Миловановиќ, Бенедито, Николовска, Гоја, Марковска, Силва, Петкова, Јошевска. Во второто полувреме настапија и Хусеин, Јанковска, Китановска и Ванеска. Тренер Ивица Радониќ.