Есенски ливадар
Есенски ливадар | |
---|---|
Есенски ливадар, долна страна | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Arthropoda |
Класа: | Insecta |
Ред: | Lepidoptera |
Семејство: | Nymphalidae |
Потсемејство: | Satyrinae |
Род: | Arethusana de Lesse, 1951 |
Вид: | A. arethusa |
Научен назив | |
Arethusana arethusa (Шифермилер, 1775) | |
Синоними | |
|
Есенски ливадар (Arethusana) е пеперутка од видот на пеперутки шеренци. Пеперутката ја има и во Македонија.
Подвидови
[уреди | уреди извор]Подвидовите на пеперутката се:[1]
- Arethusana arethusa aksouali Wyatt, 1952 Мароко
- Arethusana arethusa arethusa
- Arethusana arethusa heptapotamica (Stauder, 1924) Тјан-Шан
- Arethusana arethusa pontica (Heyne, [1895]) Кавказ
- Arethusana arethusa boabdil (Rambur, 1895) Шпанија
- Arethusana arethusa dentata (Staudinger, 1871) Шпанија
Опис
[уреди | уреди извор]Есенскиот ливадар има распон на крилјата од 42-47 милиметри кај мажјаците, од 50-54 милиметри кај женките. Должината на предните крила може да достигне 21–25 mm. Горната површина на крилата е темно кафеава, со карактеристична серија од окер-портокалови овални ознаки кои формираат V и црно-кафеава голема дамка блиску до врвот на предните крила. Исто така, задните крила имаат мала црна дамка во близина на границата. Надворешните рабови на крилјата имаат шема во облик на заб. Долната страна на задните крила е шарена и покажува попречна белузлава лента што го дели крилото и добро обележани бели вени.[2]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Мажјак
-
Мажјак
-
Илустрација
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Arethusana at Markku Savela's Lepidoptera and Some Other Life Forms
- ↑ Seitz. A. in Seitz, A. ed. Band 1: Abt. 1, Die Großschmetterlinge des palaearktischen Faunengebietes, Die palaearktischen Tagfalter, 1909, 379 Seiten, mit 89 kolorierten Tafeln (3470 Figuren)Оваа статија содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Vlindernet (на холандски)
- Paolo Mazzei, Daniel Morel, Raniero Panfili Молци и пеперутки во Европа и Северна Африка
- Lepiforum.de
|