Епидијаскоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Епидијаскоп

Епидијаскоп или Епископ е уред за проектирање на статични слики од филм или текстови/слики од хартија од формат до А4. Епидијаскоп е претходник на графоскопот и другите канцелариски проектори. Се состоел од силна светилка, систем на огледала и леќа со помош на кои сликата се проектирала на платното на ѕидот. Филмот, најчесто од Лајка форматот (36 мм х 24мм) рачно се премотувал во одговарачко лежиште додека хартијата, лист по лист, се ставала во посебно лежиште од долната страна на графоскопот. Во времето додека се користел бил скап, гломазен и особено популарен уред.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]