Елса Лаула Ренберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Елса Лаула Ренберг, веројатно ноември 1915 година.

Елса Лаула Ренберг (родено Елса Лаула, 29 ноември 1877 година во Тарнаби – 22 јули 1931 година во Броној ) била Самиска активистка и политичарка.

Таа е родена од сточари на ирваси, Ларс Томассон Лаула и Кристина Јозефина Ларсдотер и пораснала во близина на Dikanäs [no] . По завршувањето на школувањето за акушерка во Стокхолм, таа се вратила дома да живее во близина на Диканес. Во 1908 година се омажила за сточарот на ирваси, Томас Ренберг. Заедно, тие се преселиле во Вефсн во Нурлан, Норвешка каде што живееле како сточари на ирваси и имале 6 деца заедно. Елса починала на 54-годишна возраст од туберкулоза во Броној .

„Дали се соочуваме со живот или смрт?[уреди | уреди извор]

Во 1904 година, Ренберг напишала и објавила памфлет од 30 страници на шведски со наслов Infor lif eller död? Sanningsord i de Lappska förhållandena ( Дали се соочуваме со живот или смрт? Зборови на вистината за ситуацијата на Лапонија ) што ја прави првата Самијка на која биле објавени нејзините списи. Ова дело дискутира за неколку прашања со кои се соочуваат Сами, како што се нивниот образовен систем, нивното право на глас и нивното право да поседуваат земја. Самискиот национален дух повторно се будел во моментот кога пишувањето било објавено, што го прави особено важно. Ренбург, исто така, ги охрабрува жените Сами да работат и да и помогнат во каузата. Во текот на памфлетот, таа користи внимателно изработена временска реторика за да спроведе отпор кон шведската колонизација.[1]

Во 1904 година, таа го основала Здружението Фатмомака на јужните Сами, кое било првата Самитска активистичка организација. Нејзината цел била да се бори против прашањата околу зголемената државна колонизација и присуството на доселеници на Самиските земји, и да ги реши локалните конфликти на земјата, како и да ја подобри општествената, економската и политичката позиција на Сами.[2] Таа, исто така, била претседателка на организацискиот одбор на првото собрание на Сами од 1917 година во Трондхајм.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Buhre, Frida; Bjork, Collin (2021-05-27). „Braiding Time: Sami Temporalities for Indigenous Justice“. Rhetoric Society Quarterly. 51 (3): 227–236. doi:10.1080/02773945.2021.1918515. ISSN 0277-3945.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2021-01-18. Посетено на 2021-11-21.

Дополнително читање[уреди | уреди извор]

  • Elsa Laula Renberg at Svenskt kvinnobiografiskt lexikon

Надворешни врски[уреди | уреди извор]