Елизабет Ларсон (компјутерски науки)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Елизабет Ларсон (родена на 30 декември 1971) - шведска применета математичарка и бројчен аналитичар. Таа е професор на Катедрата за Информатички Технологии на Универзитетот во Упсала и директор на Упсала Мултидисциплинарниот центар за напредна компјутерска наука.[1]

Истражување[уреди | уреди извор]

Истражувањето на Ларсон вклучува примена на радијално засновани функции во компјутерските науки. Вклучувало работа на ширење на звучни бранови низ вода, цени на финансиски опции и симулација на климата на земјата.[2]

Образование и кариера[уреди | уреди извор]

Ларсон е родена на 30 декември 1971 година [3] во Љусдал и каде што посетувала и средно училиште.[2] Станала магистер по инженерска физика на Универзитетот во Упсала во 1994 година и станала доктор во бројчена анализа на Универзитетот во Упсала во 2000 година. Нејзината дисертација била Распаѓање на доменот и предусловени итеративни методи за равенката Хелмхолц.[3] Нејзиниот докторат бил под надзор на Курт Ото, со Бенгт Форнберг како надворешен испитувач.[4]

Таа станала помлад истражувач на Катедрата за информатичка технологија на Универзитетот во Упсала во 2001, а асистент професор во 2007. Таа била унапредена во виш предавач (вонреден професор) во 2011 и професор во 2020.[3]

Признание[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Ларсон била еден од двајцата добитници на наградата Горан Густафсон за извонредни млади шведски научници.[2]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. „Elisabeth Larsson“, University catalog, Uppsala University, 2015-08-14, Посетено на 2019-01-27
  2. 2,0 2,1 2,2 Pristagare 2007, Göran Gustafsson Stiftelse, Архивирано од изворникот на 2016-04-15
  3. 3,0 3,1 3,2 Curriculum vitae, Uppsala University, Посетено на 2019-01-27
  4. Larsson, Elisabeth (2000), „Domain Decomposition and Preconditioned Iterative Methods for the Helmholtz Equation“, Uppsala University Publications, стр. 1060, Bibcode:2000PhDT.......125L, Посетено на 2019-01-27

Надворешни врски[уреди | уреди извор]