Езел (ТВ серија)
| Езел | |
|---|---|
| Жанр | Акција, драма, криминален |
| Режирана од | Улуч Бајрактар |
| Улоги | Кенан Имирзалиоглу Чансу Дере Јигит Озшенер Тунџел Куртиз Бариш Фалај Халук Билгиер Бејазит Гулерџан Ипек Билгин |
| Композитор(и) | Тојгар Ишикли |
| Земја на потекло | Турција |
| Првичен јазик | Турски |
| Бр. на епизоди | 51 |
| Производство | |
| Времетраење | 90 минути |
| Прикажување | |
| Првично прикажување | 28 септември 2009 |
| Надворешни врски | |
| ezel.tv | |

Езел (турски Ezel) е турска серија. Серијата е снимана во Кипар и во Турција. Во главните улоги се Кенан Имирзалиоглу, Чансу Дере, Јигит Озшенер и Бариш Фалај.
Содржина
[уреди | уреди извор]Омер Учар е едноставен, млад човек, посветен на своето семејство ,но и на тројца пријатели кои ги познава уште од детството. Но и на Ченгиз се најдобри пријатели кои ги смета за сопствени браќа и за кои би го дал животот , а преубавата Ејшан е љубовта на неговиот живот .
По долгото останување во армијата , Омер се враќа дома воИстанбул, среќен што најпосле ќе ја запроси жената од своите соништа и со неа ќе основа семејство . Меѓутоа, судбината му го смени патот – за време на неговото отсуство, неговите пријатели измислиле и спровеле итар план за грабеж во казино, убивајќи еден чувар и оставајќи доволно лажни докази кои ќе го обвинат и осудат Омер на доживотен затвор. Додека неговите пријатели со милионите си ги граделе работните и приватните кариери, Омер во затворот преживувал пекол. Освен тоа што секојдневно размислуваше за предавството од своите пријатели и нивните лажни сведоштва,Омер е физички злоставуван од директорот и чуварите на затворот, уверени дека ќотекот ќе помогне да дознаат каде тој и неговите пријатели ги сокриле украдените пари. Во последната борба Омер добива страшни повреди, но со помош на Рамиз,неговиот ментор и моќен мафијаш, успева да побегне од затворот. Неговото унакажано и непрепознатливо требаше итно да се оперира, а заедно со промената на лицето дојде и промената на личноста – Омер станува Езел Бајрактар, млад и успешен стопанственик, специјализиран за разни борбени техники и читање на намерите на луѓето, и еден успешен коцкар.
По 12 години поминати во страдање, неговата омраза кон пријателите е се посилна, па се одлучува како потполн странец да го посети Кипар за да им се освети.
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Ezel на Семрежната филмската база на податоци
- http://www.ezel.tv/ Архивирано на 4 мај 2011 г.
- http://ezel.na-tv.net/ Архивирано на 28 декември 2010 г.