Прејди на содржината

Дрвото на Нарајана

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија

Дрвото на Нарајана - проза на македонскиот писател Митко Маџунков објавена во 2016 година во издание на „Издавачки центар ТРИ“.[1]

За книгата

[уреди | уреди извор]

Да замислиме дека стоиме пред дело кое штотуку настанало. Знаеме дека е тоа средишниот дел на триптихонот; од едната негова страна се наоѓа меѓата на светот од другата се протега пределот на парадоксалниот сон. И централниот дел и крилјата што го преклопуваат делото истовремено се и отворени и затворени. Она што ги исполнува може да се шири но формата им е конечна.

Да претпоставиме дека тоа дело има повеќе – на пример, девет – тематски целини, кои меѓусебно се преплетуваат. Едната тематика е семејниот круг, втората метафизиката на соништата, третата „алхемијата на зборовите“, четвртата малограѓанскиот свет, петтата урбанизираното општество, шестата војната, седмата љубовта, осмата ars poetica-та, деветтата смртта.

Да си речеме дека сите тие целини имаат свои делти составени од повеќе ракави-мотиви, и дека ним им одговараат исто така разгранети обработки или сижеа кои бараат соодветен стил. И да поверуваме, најпосле, дека сето тоа можеме да го замислиме како во склопот на целото дело така и во секој од неговите составни елементи.

Настанатото дело, се разбира, ги нема секогаш, во секој свој „фрагмент“, сите елементи од кои е составена целината, но ја има нивната претпоставена слика. И ако оние кохезиски сили, кои ги поврзуваат сите мотиви во „круговите“, се доволно јаки, останува само да се надеваме дека во него има доволно енергија која еден ден ќе нè врати кон заедничкото средиште, до новиот почеток, „или на родителскиот имот“. Така барем мечтаеме ние кои ги замислуваме тие нешта. (Од „Пригодна ars poetica“)

  1. „Дрвото на Нарајана“. https://shop.kniga.mk/catalog/product/view/id/14966. Надворешна врска во |work= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]