Драги Станков

Од Википедија — слободната енциклопедија

Драги Станков (р. 14 ноември 1979 во Неготино) — македонски композитор на современа новокомпонирана фолк музика. Воедно е и пијанист, просветен работник, продуцент и педагог.

Станков е моментален директор на музичкото училиште ОМУ „Владимир Арсовски“ во Неготино.

Авторскиот живот го посветува на новокомпонирана фолк музика со многу негови дела кои земале места на многу фестивали.Исто така многу голем успех е и неговото авторско CD со негови изработки и докажување на 20-годишниот труд.