Драга Стојановска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1923
Горно Соње, Македонија
Починал 1944
Занимање партизан

Драга Стојановска (1923-1944) – револуционерка и учесничка во НОВ. [1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Драга Стојановска била родена во Горно Соње, во 1923 година. Учела Трговска академија, каде стапила во редовите на скоевската организација. Била борец и учесник во Втората светска војна. Во септември 1944 година, била дел од единиците на Дванаесеттата македонска ударна бригада, како санитетско лице. Во борбите за ослободување на Скопје, Драга загинала во обид да извлече ранет соборец.

Спомен биста на Драга Стојановска била поставена во населбата Тафталиџе, во близина на Педагошката академија, во студентската населба што го носи нејзиното име. Бистата била откриена во 1979 година, дело е на авторот Коста Абдорманов. Во нејзина чести се именувани неколку училишта во Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 142.

Поврзано[уреди | уреди извор]