Драга Ирена

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Драга Ирена!“филм на режисерот Никола Стојановиќ од 1970 година. Главните улоги ги играат: Магда Федор, Фарук Беголи, Петар Божовиќ и Драгомир Чумиќ.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Марко, Драган, Мишко и Ќутко се другари од гимназијата. Марковиот татко исчезнал во војната како херој. Марко чувствува немир поради амбицијата да биде над останатите, но недостатокот на волја и несредениот емотивен живот не му даваат прилика за тоа. Тој ја запознава Иренуа девојка која студира медицина, а за која Драган има планови за своите донжуански потфати. Истовремено, другарите од власта сметаат дека би било добро ако Марко (кој е апсолвент по архитектура) работи на урбанистичкиот пројект за населбата што треба да го носи името на неговиот татко, а Марко го прифаќа предлогот, примамен од заработката. Драган е разочаран поради тоа што Марковата емотивна врска со Иреном се зацврстува. Мишко, пак, по кршењето на ногата за време на еден натпревар, мора да престане да игра фудбал, а Лола го користи тој настан за нивната врска да ја круниса со брак. Драган, кој ја отслужува воената обврска, добива вонредно отсуство поради полагање испит. Така, старата дружина повторно се обединува и заминува на заеднички излет, каде Ирена му соопштува на Марко дека е бремена. Марко ѝ предлага да абортира, а Ирена одбива. По некое време, Марко ѝ се враќа на Ирена, која го дочекува студено, кажувајќи му дека го лажела. Неспособен да го сфати поразот, Марко не реагира дури ни кога Ирена пред неговите очи заминува во прегратката на неговиот пријател Ќутко.

Наводи[уреди | уреди извор]