Дождовна шума Блу Крик
Изглед
Дождовната шума Син Крик е мал природен прашумски резерват во јужниот дел на Белиз, во близина на границата со Гватемала. Тој претставува дом на различни видови како игуана, термит, и други видови змии, жаба ага, гуштери, тарантула, листосекачки мравки, неколку видови на лилјаци, мексикански крокодил, јагуарунди, јагуар, тапир, и други. Оваа средина се состои од бујна прашума, водопади, езера, езерца, лагуни, реки и потоци. Наречено е по селото Блук Крик (Син Поток), кое што се наоѓа во оваа област.