Дино Имери

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дино Имери (1990, Скопје, Република Македонија) — македонски пијанист.

Музичко образование и кариера[уреди | уреди извор]

Дино Имери е роден во Скопје. Во текот на својата кариера остварил бројни настапи со повеќе оркестри и камерни ансамбли, како: Македонската филхармонија, Софиската филхармонија, Стразбуршката филхармонија, Симфонискиот и камерен оркестар на ФМУ, Македонската опера и балет, Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија итн. Исто така, остварил рецитали на повеќе престижни музички сцени, како што се: „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Палатата „Естерхази“ и „Лист-центрум“ во Австрија, „Пијано плажа фестивал“ во Франција, Скопско лето, Охридско лето, Интерфест — Битола итн. Покрај тоа, Имери снимил неколку дискографски изданија, а добитник е и на повеќе награди и признанија. Во 2018 година станал доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Концерт на Стојан Димов и Дино Имери“, 61 Фестивал Охридско лето / Ohrid Summer Festival.