Дејана Николовска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дејана Николовска (1981, Скопје, СР Македонија, СФРЈ) - македонска режисерка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дејана Николовска е родена во Скопје, во 1981 година. Во 2000 година се запишала на Руската академија за театарска уметност (ГИТИС), во класата на професорот Леонид Хејфец. Таа е втората личност од Македонија (по Иван Поповски) која дипломирала театарска режија на оваа академија. Од 2005 до 2009 година работела како асистент-педагог на катедрата за режија при ГИТИС, во класите на професорите Олег Кудрјашов и Леонид Хејфец.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Дејана Николовска работи како слободен уметник, а освен со режија, таа се занимава и со филм. Во 2003 година, уште додека била студентка, Николовска ја поставила претставата „Семејни приказни“ на Биљана Србљановиќ со која ја добила наградата за најдобра режија меѓу студентските претстави во Русија. Нејзиниот најважен филмски проект е серијата „Именденот на Татјана“ (220 епизоди) за првиот канал на Руската национална телевизија. Исто така, таа работела проекти и во шоу-бизнисот, како режисерка во московската „RosArt group production“.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 59 Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2019.