Денот на децата (Индија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Денот на децата се слави низ Индија за да се зголеми свеста за правата, грижата и образованието на децата.[1][2] Се слави на 14 ноември секоја година во почит на првиот премиер на Индија, Џавахарлал Нехру. Драго познат како Чача Нехру меѓу децата, тој се залагал децата да го исполнуваат образованието.[3] Нехру ги сметал децата како вистинска сила на еден народ и основа на општеството.[4] На овој ден, многу образовни и мотивациони програми се одржуваат низ Индија, од страна на и за деца.

Историја[уреди | уреди извор]

Одбележувањето на Денот на децата во Индија датира од 1956 година. Пред смртта на Претседателот Џавахарлал Нехру, Индија го прославувала Денот на децата на 20 ноември (датумот што го сметаат Обединетите нации како Универзален ден на децата). По смртта на Џавахарлал Нехру, неговата годишнина од роденденот била планирана да се прослави како Ден на децата во Индија. Тоа беше сторено затоа што тој бил многу познат кај децата како Чача Нехру, па оттука, во парламентот била донесена резолуција за да се даде соодветен збогум на првиот премиер на Индија.[5][6][7][8]

Google Doodle[уреди | уреди извор]

Во ноември 2018 година, Google doodle на Денот на децата дизајнирал приказ на дете кое гледа кон небото испреплетено со ѕвезди со телескоп. Изработена од студентка од Мумбаи, дизајнот победил на натпреварот „Doodle 4 Google“ во 2018 година во Индија заради нејзиното воодушевување од истражување на вселената.[9]

Во 2018 година, откако Нарендра Моди станал премиер, шеесет пратеници од партијата БЈП побарале од него да го назначи 26 декември како нов ден на децата во Индија.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bal Diwas to mark chacha Nehru's B'day on Nov 14“. The Times of India. 11 ноември 2008. Посетено на 21 јуни 2020.
  2. „Nobel Peace laureate Satyarthi celebrates Children's Day with slum kids“. Aninews.in. Архивирано од изворникот на 15 ноември 2014. Посетено на 21 јуни 2020.
  3. „Why November 14 celebrated as Children's Day?“. The Times of India. Посетено на 21 јуни 2020.
  4. „Children's Day: Remembering Jawaharlal Nehru as a writer for kids“. The Indian Express (англиски). 14 ноември 2019. Посетено на 21 јуни 2020.
  5. „Why We Celebrate Children's Day On 14 Nov When UN Observes It On 20 Nov Worldwide“. badhaai.com. Посетено на 21 јуни 2020.
  6. Bollywood Country. „Children's Day“. IANS Live. Посетено на 21 јуни 2020.
  7. „Children's Day celebration photos“. Kvsrobangalore.org. Архивирано од изворникот на 29 ноември 2014. Посетено на 21 јуни 2020.
  8. „Bal diwas – a day to celebrate hair?“. The Times of India. Посетено на 21 јуни 2020.
  9. „Children's Day 2018 celebrated with a Google doodle on space exploration“. The Indian Express (англиски). 14 ноември 2018. Посетено на 21 јуни 2020.
  10. „Shift Children's Day away from Nehru's birth anniversary, say BJP MPs“. The Times of India. 7 април 2018. Посетено на 21 јуни 2020.