Делфинот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Делфинот
АвторАлександар Прокопиев
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачИздавачка куќа Бегемот
Издадена
2018
Медиумпечатено издание, 185×120
Страници200

„Делфинот“ — збирка раскази од македонскиот писател Александар Прокопиев. Книгата е издадена во 2018 година од издавачкото претпријатие Бегемот.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

осврт кон делото[уреди | уреди извор]

„Делфинот“ е збирка раскази на еден од македонските мајстори на прозата (мајстор и по талентот и по занаетчиското искуство што го има зад себе) – со која се исткаени расказите просто го вшмукува читателот, го возбудува до степен што тој, така маѓепсан од неговата мајсторија, станува дел од нив. […]

[…]И токму таа игра – тоа одење по конецот што ги дели имагинарното и стварностното – ја прави оваа книга заводлива. Читателот е постојано во недоумица и во некоја состојба на постојано „Хм…“, која го тера да излезе надвор од текстот и да отиде отаде сцената, во бекстејџот, за да види кој си игра со конците. Читањето на оваа книга е како водење љубов, постојано во некаква лебдечка меѓусостојба, ни ваму ни таму, ни сон ни јаве. „Делфин“ е збирка раскази во која постмодернистичката интертекстуалност, типична за некои од претходните книги на Прокопиев, е омекната со интимни засолнувања, приказни што итро се вградени во нарацијата, раскажани со класична тактика на наративност на настани со традиционални нишки.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]