Девојката што паѓа
Девојката што паѓа — збирка раскази од италијанскиот писател Дино Буцати (Dino Buzzati), објавена во 2005 година во издание на „Темплум“, како 34 книга во рамките на едицијата „Магма“. Преводот од италијански јазик е дело на Радица Никодиновска, Кристина Плечиќ, Елена Николовска и Драган Христов.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Збирката е печатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 158 страници. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-902-66-6. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Точка“. На предната корица е наоѓа слика на Ѓорѓе Јовановиќ, додека на задната корица е даден кус осврт врз книгата и попис на објавените книги во едицијата „Магма“. Издавањето на книгата било финансиски поддржано од Министерството за култура.[1]
Содржина
[уреди | уреди извор]Збирката „Девојката што паѓа“ содржи 18 раскази, преземени од две збирки на Буцати: „Продавница на тајни“ (La boutique del mistero) и „Тешки ноќи“ (La notti difficili). Покрај расказите, на крајот од книгата е дадена куса биографија на авторот. Во збирката се застапени следниве раскази:[1]
- Седумте гласници
- Седум ката
- Ходникот на големиот хотел
- Грпки во градината
- Волшебното палто
- Ајфеловата кула
- Девојката што паѓа
- Живот
- Бабау
- Еквивалентност
- Влијание на ѕвездите
- Алиас во улицата Сезостри
- Трошност
- Глобален протест
- Деликатност
- Љубовно писмо
- Пеперутче
- Полна месечина