Дарија Андовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дарија Андовска (Скопје, 2 јануари 1979) Човек по вокација, музичар по професија, Македонка по место на раѓање, е композиторка, пијанистка и авторка на оркестарска, камерна, солистичка, вокална музика, музика за филм, театар и танц, како и на мултимедијални проекти. Нејзините дела се изведувани на бројни домашни и светски фестивали, почнувајќи од Македонија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Швајцарија, Италија, Германија, Грузија, Франција, Белгија, Англија, Ирска, Данска, Шведска, Норвешка, Украина, Азербејџан, Австрија, Албанија, Русија, Мексико, Канада, Полска, Романија, Ерменија, Турција, САД, а наградувана е како една од важните млади композитори во Европа и од Балканот.

Дејност[уреди]

Од 2010 година Дарија Андовска работи како Доцент по група теоретски предмети со композиција, диригирање и музикологија на Факултетот за музичка уметност- Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, како и на Факултетот за драмски уметности по предметот Применета музика. Во периодот од 2001 до 2010 година работи на истиот факултет како асистентка по предметите Музички форми, Хармонска анализа, Полифонија и Основи на музичкото дело. Работела и како музичка новинарка и продуцентка во Македонската Радиотелевизија и како авторка на сценарија, композиторка и ко-режисерка. Во 2003 година била ангажирана како музичка менаџерка, PR-асистентка и музичка асистентка за потребите на фестивалот 17. Dresdner Tage der zeitgenössischen Musik, Германија.

Образование[уреди]

  • 2012 - Докторски студии во класата на Chaya Czernowin, Ph.D, Walter Bigelow Rosen Professor of Music, Harvard University, Department of music, USA.
  • 2007 - 2009 Магистрира современа композиција во класата на проф. Исабел Мундрy, со субспецијалност за филмска музика и продукција, во класата на Доменицо Феррари и Андре Беллмонт на Zürcher Hochschule der Künste, Цирих, Швајцарија.
  • 2003 - 2006 - Магистерски студии по композиција во класата на проф. Гоце Коларовски, Факултет за музичка уметност- Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј.
  • 2002 - Дипломира на отсекот за композиција, теорија и диригирање како најдобар студент, во класата на проф. Гоце Коларовски, Факултет за музичка уметност- Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј.

Награди, признанија и номинации[уреди]

  • Номинирана за наградата „ВИРТУОЗ“ 2014 за најдобар композитор во Македонија
  • Избрана меѓу шесте најдобри и актуелни млади композитори во Европа за проектот MusMA- Music Masters on Air (2013)
  • Добитник на наградата „ВИРТУОЗ“ 2013 за најдобар композитор во Македонија
  • Признаена од INM HMTM Hannover и EVS Stiftung како една од најважните балкански композитори (2012)
  • Meetingpoint Music Messiaen “Contemporary Composers + Composing on the Continent” - избрана како една од 22 важни млади композитори во Европа (2011)
  • „If You Need Me“ - номинација за најдобар краток филм Anonimul IFF, Романија (2006)
  • „IN2ERrUPTION“- 2. награда на International pre- art competition (2006)
  • „If You Need Me“- 1. награда на Bridge Fest, Ванкувер, Канада (2006)
  • „If You Need Me”- еден од трите номинирани филмови за Berlin Today Award на Берлинскиот филмски фестивал (2006)
  • „Name This Film After Me”- Номинација за најдобар краток филм на Сараево Филм Фестивал (2005)
  • „Six Audio Pieces”- 1. награда на Македонска музичка младина (2000)

Снимки и издадени носачи на звук од:[уреди]

  • Македонска Радио Телевизија - Македонија;
  • Сојуз на композиторите на Македонија- Антологија на Македонска Камерна Музика
  • "11th International review of composers", Србија и Црна Гора;
  • "16. Dresdner Tage für zeitgenossische Musik", Германија;
  • "9th Two days and two nights", Украина;
  • "Nuova Stradivarius" Label, Италија;
  • "13th International review of composers", Србија и Црна Гора
  • "SONEMUS"- Pre-Art, Швајцарија;
  • "Gramophon"- Босна и Херцеговина
  • "Pre-art Competition for Young Composers"- Швајцарија

Партитури печатени од:[уреди]

  • Сојуз на композиторите на Македонија, Антологија на македонска камерна музика, Македонија,
  • "Sordino", Швајцарија
  • "Nuova Stradivarius" Label, Италија