Даница Ручигај (награда)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Даница Ручигај — македонска литературна награда за најдобра дебитантска поетска книга, во почетокот, односно за најдобра поетска книга од писателка, членка на ДПМ, што ја доделувала издавачката куќа Пергамент паблик, а подоцна со формирањето на клубот на писателките при ДПМ „Даница Ручигај“, наградата ја доделува Друштвото на писателите на Македонија. Наградата го носи името на познатата македонска поетеса Даница Ручигај. Еден од иницијаторите за воспоставување на наградата е Искра Чоловиќ.[1] Прв добитник на наградата била тогаш 15-годишната поетеса Надица Лешникоска, ученичка во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје, за збирката Копрена, прогласена за најдобра дебитантска поетска книга во 2005 година.[2]


Лауреати[уреди | уреди извор]

Година Добиник Книга
2005[2] Надица Лешникоска Копрена
2006[2] Марга Велеска Тишина
2015[3] Елена Пренџова Политички коректна поезија
2016[4] Љерка Тот Наумова Зародиш на повикување
2017[5] Мирјана Тренчева Патот за Итака

|}

Наводи[уреди | уреди извор]