Даница Раденковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Даница Раденковиќ во 2014 година

Даница Раденковиќ (родена на 9 октомври 1992 година во Ниш) е одбојкарска репрезентативка на Србија во женска конкуренција. Таа е одлична сетерка и мометално настапува за екипата на Казалмаџиоре.

Кариера[уреди | уреди извор]

Професионалната кариера на Даница Раденковиќ започнала во сезоната 2007-2008 година, кога за прв пат настапила во српската Суперлига со екипата на Шатор од Обреновац. Таму одиграла две сезони. Во 2009 година со селекцијата на Србија до 18 години ги освоила сребрените медали на Европското првенство и на светското првенство.

Во сезоната 2009-10 настапувала за екипата на Клек Србијашума, додека во наредните две години преминала во екипата на Спартак од Суботица. Подоцна таа била дел од српската селекција до 19 години и во 2010 година го освоила сребрениот медал на Европското првенство, на кое добила награда за најдобар дриблер.

Во сезоната 2012-13 Даница Раденковиќ била ангажирана за прв пат во странство, играјќи за екипата на Река од Пјаченца, клуб кој настапувал во италијанската А1 серија. Со новиот клуб Даница го освоила и Скудетото и Купот на Италија. Во 2012 година таа ги добила и првите прозивки во сениорската репрезентација. Во следната сезона таа настапувала во 1. Германска Бундес лига со клубот на Шверинер.

Во сезонта 2014-15 Даница пристигнала во Полска и настапувала во Лигата Сиатковки Кобиет за клубот Музина. Подоцна заминала во екипата на Атом Трефт Сопот каде играла во наредната сезона. Во сезоната 2016-17 Даница се преселила во Азербејџан, бранејќи ги боите на клубот Колор Aзераил од Баку. Следната година се вратила во составот на Музина. Подоцна во сезоната 2018-19 се вратила во најкавлитетното италијанско првенство во екипата на Казалмаџиоре.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Италијанско првенство: 1
2012-13
  • Куп на Италија: 1
2012-13

Репрезентативни награди[уреди | уреди извор]

  • Европско првенство до 18 години 2009 година
  • Светско првенство до 18 години 2009 година
  • Европско првенство до 19 години 2010 година

Индивидуални награди[уреди | уреди извор]

  • 2009 - Светско првенство до 18 години: Најдобар сервер
  • 2010 - Европско првенство до 19 години: Најдобар сервер
  • 2017 година - Супе лига: Најдобар сервер

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]