Горица (Новоселци)

Координати: 41°01′36″N 22°11′37″E / 41.0267° СГШ; 22.1935° ИГД / 41.0267; 22.1935
Од Википедија — слободната енциклопедија
Горица
Γκορίτσα Νερόμυλους
Карта
МестоНовоселци, Мегленско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати41°01′36″N 22°11′37″E / 41.0267° СГШ; 22.1935° ИГД / 41.0267; 22.1935
Видутврдена населба
Историја
Раздобјекласична антика, хеленистички период
Прогласено заспоменик на културата

Горица (грчки: Γκορίτσα Νερόμυλους) — античка утврдена населба над селото Новоселци, Мегленско, Егејска Македонија.[1][2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Остатоците од населбата се откриени на ридот Горица северно од Новоселци, на левиот брег на Мегленица. На другиот брег на реката, во атарот на с .Продром, има рид исто така наречен Горица (Мала Горица), на кој е ктирнеа некропола од железно време.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

На подрачјето на Горица се откриени монети, керамика, фигурки, надгробна плоча на Касандра и вотивна плоча која служела како олтар. Во просторот ограден од бедемот се откриени остатоци од покриви, складови, работилници и верски објекти, градби со мозаечни подови од III век. Меѓу најинтересните наоди се глава на женска фигурка, бронзена фибула, релјефен сад, целосно зачувана маслена ламба од III век, прстени со многу симболи, глинена култна фигурка на змија, ќерамиди со натписи и дел од калап за релјефни хеленистички садови.[1]

Населбата била развиена уште во доцниот хеленистички период — крајот на IV – I век п.н.е., а има податоци дека постоела во доцнокласичното време (IV век п.н.е.). Првиот археолошки истражувач на Меглен, Николаос Пападакис во 1913 г. напишал дека имало археолошки наоди и керамика од V век п.н.е. Меѓутоа, во 1916 г. за време на Првата светска војна го користела француската армија и значаен дел од наодите се уништени. Во 1994 г. наоѓалиштето настрадало и од ловци на богатство.[1]

Во 1996 г. археолошките наоѓалишта на двете Горици се прогласени за заштитен археолошки споменик.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Αρχαιότητες στους Νερόμυλους“. Βάση Δεδομпокроителένων για την Ιστορική κληρονομιά της Αλμωπίας - Lhi-Lna. Архивирано од изворникот на 2018-05-01. Посетено на 1 мај 2018.
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/19178/931/22-6-1996 - ΦΕΚ 608/Β/22-7-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-02-14. Посетено на 1 мај 2018.