Големите капачки (Реноар)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Големите капачки
Les Grandes Baigneuses
Творец Пјер Огист Реноар
Година 1884–1887
Димензии 115 см × 170 см
Место Музеј на уметноста во Филаделфија, Филаделфија, САД
Сопственик

Големите капачки е слика, масло на платно од 1884–1887 година од францускиот уметник Пјер Огист Реноар. Денес се наоѓа во Филаделфија, САД во Музеј на уметноста во Филаделфија[1].

Опис[уреди | уреди извор]

На сликата е прикажана сцена на голи жени како се бањаат. Во преден план, две жени седат покрај водата, а третата стои во водата близу нив. Во позадината , има уште две капачки. Таа што стои во водата во преден план, се чини дека треба да попрска со вода една од жените што седт на брегот. Таа жена се потпира назад за да гоизбегне очекувано прскање[2].

Стил[уреди | уреди извор]

Сликата е внимателно надоградувана и композициски и стилски со инсистирање на доловување на сефкупниот впечаток на светлината, како и поетиката која е во слава на животот, во неа Реноар, целосно се посветува на слободно прикажување на сцени со потполна радост и величење на убавината на женското тело, сликата има одреден наивен, чист, исконски зафат во претставувањето на природата и човекот. Боите, начинот на поставување и градација на копозицијата, линиската колористичка ритмика како и чувството на светлосно треперење, всушност го претставуваат импресионизмот во целосна авторска ликовна ангажираност и естетска верба, со што во оваа слика инсистира на повеќето ликовни елементи во кои инсистира на прикажувањето на фигурите и одредена дефинираност и прецизност во севкупниот условен реализам[3].

Влијание[уреди | уреди извор]

Сликата повеќе содржи одредени не само ликовни елементи карактеристични за импресионизмот туку и одредени елементи кои директно го најавуваат постимпресионизмот и е еден вид директно влијание и мост кон капачките на Пол Сезан, насликани подоцна и во сосема друг ликовен контекст.[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [ https://www.grandspeintres.com/les-grandes-baigneuses-renoir/ Les grandes baigneuses]
  2. [ https://www.rivagedeboheme.fr/pages/arts/oeuvres/auguste-renoir-les-grandes-baigneuses-1884-87.html / Auguste Renoir. Les Grandes Baigneuses (1884-87)]
  3. [ https://www.unique-poster.com/tableaux/pierre-auguste-renoir-tableau-5012.html / 'Les Grandes Baigneuses' de Pierre-Auguste Renoir]
  4. [ http://www.impressionniste.net/renoir.htm / Pierre Auguste RENOIR peintre de la vie heureuse]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]