Големиот транспорт (филм)
„Големиот транспорт“ (српскохрватски: Велики транспорт) — југословенски филм од 1983 година, во режија на Вељко Булајиќ. Главните улоги ги играат: Хелмут Бергер, Велимир Бата Живоиновиќ, Драгана Варагиќ, Звонко Лепетиќ итн. Филмот е снимен според вистинити настани од Втората светска војна, кога Главниот штаб на народноослободителната војска на Војводина одлучил на партизанските бригади во Босна да им испрати нови борци, храна и санитетски материјал[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Пролетта 1943 година, главниот штаб на партизанските единици во Војводина одлучува на партизанската војска во Босна да ѝ испрати борци, храна и санитетски материјал. Така, низ големата низина во Војводина, низ обрачи и заседи, преку реките и железничките пруги, тргнува голема колона, наречена „големиот транспорт“. Колоната треба да помине 300 километри низ окупираната територија, соочувајќи се со бројни опасности.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Филмови со Хелмут Бергер
- Филмови со Драгана Варагиќ
- Филмови со Звонимир Лепетиќ
- Филмови со Бата Живоиновиќ
- Филмови со Љиљана Благојевиќ
- Филмови со Тихомир Арсиќ
- Филмови со Душан Јаниќијевиќ
- Филмови со Драган Бјелогрлиќ
- Филмови со Миодраг Лончар
- Филмови со Данчо Чевревски
- Филмови на Вељко Булајиќ
- Партизански филмови
- Југословенски филмови
- Филмови од 1983 година
- Филмови на српскохрватски јазик
- Филмови за Втората светска војна