Прејди на содржината

Голдов код

Од Википедија — слободната енциклопедија

Голдовиот код (Голдова низа) е вид на бинарна низа што се користи во телекомуникациите (CDMA)[1] и сателитска навигација (GPS).[2] Голдовите кодови се именувани во чест на американскиот научник Роберт Голд.[3] Имаат ограничени мали накрсни корелации во рамките на едно множество, што е од голема корист кога повеќе уреди емитуваат во ист опсег. Множеството на овие низи се состои од низи, секоја со период од .

Множеството на Голдови низи се создава по следнава постапка. Се земаат две максималнодолжински низи (М-низи, МДН) со иста должина , така што нивната апсолутна накрасна корелација е помала или еднаква на , каде е големината на линискиот поместувачки регистар (ЛПМ) што се користи за создавање на максималнодолжинската низа [4]. Множеството на исклучителни дисјункции од двете низи во нивните различни фази (т.е. преведени во сите релативни положби) е множеството од Голдови кодови. Највисоката апсолутна накрсна корелација во ова множество кодови е за парни и за непарни .

Исклучителната дискункција на два Голдови кода од едно исто множество дава друг Голдов код Gold во некој фаза.

Во рамките на едно множество Голдови кодови, околу половината се урамнотежени — бројот на единици и нули се разликува само за еден.[5]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Џорџ, М., Хамид, М. и Милер А. „Создавачи на Голдов код за уреди Virtex“ PDF (126 КБ)
  2. GPS - објаснение (Сигнали) Архивирано на 4 август 2012 г.(англиски)
  3. Д-р Роберт Голд Архивирано на 24 јуни 2017 г. (англиски)
  4. Gold '67
  5. Holmes, стр. 100