Годвинов закон
Годвинов закон (англиски: Godwin's Law) — тврдење на американскиот правник Мајк Годвин изнесено во 1990 година кое гласи: „Како што се заострува дискусијата водена по електронски пат, веројатноста за правење споредба со Хитлер или Нацистите се доближува до 1.“[1] Или протолкувано со други зборови, ако дискусијата е жестока, без разлика на темата, по одредено време еден од дискутантите би направил споредба со Хитлер или некој друг познат диктатор од историјата.
Иако во првичната негова форма тој важел исклучиво за форумите на семрежјето, тој денес важи за секаков облик на дебата водена на друштвените мрежи или по блоговите.[2]
Научникот Годвин тврди дека го изнел законот во 1990 како експеримент од полето на меметиката. Вели дека неговата цел како меметичка алатка е да ги намали таквите непристојни споредби, или со други зборови целта на овој закон е од педагошка и реторичка природа.[3]
Во 2012 г. Годвиновиот закон бил внесен во третото издание на „Оксфордски речник на англискиот јазик“.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Mike Godwin (October, 1994). „Meme, Counter-meme“. Wired. Посетено на 2006-03-24. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Ben Goldacre (16 September 2010). „Pope aligns atheists with Nazis. Bizarre. Transcript here“. bengoldacre - secondary blog. Архивирано од изворникот на 2013-03-25. Посетено на 2013-06-18.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „I Seem To Be A Verb: 18 Years of Godwin's Law“. Jewcy.com. 2008-04-30. Архивирано од изворникот на 2013-01-15. Посетено на 2010-04-16.
- ↑ „Oxford English Dictionary Online version December 2012“. Oxford University Press. Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help)