Говорот на Турците од Битолско

Од Википедија — слободната енциклопедија

Говорот на Турците од Битолско е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Битола и неговата околина. Дијалектот спаѓа во групата на централни турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“. Класификацијата на доброто е под број 3.2.4.3.1.12. во националната класификација на културно наследство.[1]

Потекло[уреди | уреди извор]

Битолскиот турски говор, впрочем како и сите други турски говори во Р Македонија потекнуваат од јазикот на турското население кое заедно со проширувањето на Османската Империја се населува на овие краишта. Според историските податоци турското население на овие краишта се населува во втората половина на XIV век.

Опис на доброто[уреди | уреди извор]

Битолскиот говор на турците спаѓа во југозападните турски говори во РМ. Во формирањето на југозападните говори големо значење има местото и положбата на овој регион. Бидејќи Битола за време на Османската империја како град на конзулите беше културен и административен центар. Овие фактори придонесоа за развојот на турскиот говор не само во Битола, туку и пошироко, кои со своите јазични карактеристики имаат доста заеднички особености со западнорумелиските турски говори.[1]


Голем дел од јазичните особености на овој говор се карактеристични за југозападните турски говори (А, Аго, Турските говори во Македонија-Југозападна, Скопје, 1998). Овој турски говор во себе содржи повеќе фонетски и граматичко-структурни црти. Ќе наброиме неколку поединечни црти од различни јазични нивоа. И во овој говор се забележуваат некои вокали кои своето место го отстапуваат на слични вокали. Според анализираниот материјал од раскажувачите најчесто се заменуваат следните вокали:

ü<ö: küyde<köyde, süyle<söyle

ı<i: vakıt<vakit

i<ı: karşi<karşı, altınci<altıncı

i<u: komşi<komşu

i<ü: çünki <çünkü

ü<ö: büle<böyle, sülersin<söylesin

e<a: pare<para

a<e: alva<helva

ı<u: çabık<çabuk

u<ü: vucut<vücut

a<e: bilsa<bilse

  • Од областа на вокализмот треба да се нагласи дека турскиот јазик е богат со вокали и тоа од 8 (a, e, ı, i, o, ö, u, ü) во битолскиот турски говор во одредени примери се забележува и присуството на уште некои вокали од туѓите јазици (арапски и персиски) кои во зборовите само се изговараат а не се пишуваат. Меко а, долго â, î, û.
  • Од областа на консонантизмот треба да се нагласи дека во турскиот говор во битолскиот регион покрај 21 стандарден консонант се присутни уште и консонантите ts (ц), dy (ѓ) пред се` во зборовите од македонско потекло кои се употребуваат во народниот говор: милиција, ѓаур, како и двоваријантните консонанти k, g, l кои пред меките вокали се изговараат меко: geik<geyik, küy<köy, büle<böyle а пред тврдите вокали се изговараат тврдо: dag<dağ, alva<helvа
  • Честа е појавата на слабеењето и артикулацијата на ларингален консонант h пред се`, во иницијалните позиции додека во медијалните и финалните позиции потполно исчезнуваат: alva<helva, ayvan<hayvan, kave<kahve, saba<sabah и др.
  • Со испаѓање на консонантот во медијалната позиција се јавува дифтонг кој не е карактеристичен на зборовите од турско потекло: geik<geyik, daul<davul и др.

Посебни карактеристики[уреди | уреди извор]

Турскиот говор во битолскиот регион од областа на вокализмот се разликува како од југозападните турски говори така и од другите кои се карактеристични што меѓусебно се диференцираат:

  • Посебни карактеристики на вокалите: Има доволен број јазични особености со кои битолскиот турски говор се диференцира од другите јазични говори како во Р Македонија така и во Румелискиот дел каде што живее турската етничка заедница. Ќе ги забележиме најкарактеристичните јазични особености кои овој регион го чини како посебен крај во кој се присутни посебни особености на вокалниот систем на битолскиот турски говор, и тоа вокали кои го отстапуваат своето место на сличните вокали:

-Вокалот ö (о се две точки) како кружен мек вокал карактеристично е што доаѓа само на почетокот на зборот во народниот турски говор од овој крај, и своето место го отстапува на вокалот ü (у со две точки): küyde<köyde, üle<öyle, süyleysın<söyleysın. Меѓутоа кај говорителите од помладата генерација во почетокот на зборот овој вокал ја задржува својата карактеристика: öpim<öpeyim, öldi<öldü.

-Вокалот ı најчесто своето место го отстапува на i во следните случаеви: karşi<karşı, kapi<kapı. Ист случај се среќава и кај следните вокали:

i<e: bigir<beygir

i<ü: çünki<çünkü

ü<ö: ülim<ölüm

ı<u: çabık<çabuk

a<e: anteri<entarı

e<a: zeman<zaman

Во зборовите од турско потекло два вокала не доаѓаат еден до друг (дифтонг), освен во зборовите од туѓо потекло (арапски, француски и др.). Во народниот турски говор од битолскиот регион во зборовите од турско потекло настапува дифтонзи кога испаѓаат консонантите ğ и h, v од коренот на зборот :

sokaa<sokağa, aaç<ağaç, yataa<yatağa, bue<büyür, çual<çuval, duar<duvar, uermiş<övermiş, aulunun<avlunun.

  • Испаѓање на консонантите h, y, g, v, m на почетокот, средината и на крајот на зборот:

-ayvan<hayvan, ayat<hayat, angi<hangi, astane<hastane, azırlanır<hazırlanır, enüz<henüz, ep<hep, < er<her, ikaye<hikaye;

-raat<rahat, baçeden<bahçeden, kavede<kahvede, şüpe<şüphe, saybi<sahibi, rametli<rahmetli;

-saba<sabah;

  • Испаѓање на консонантот меко ğ:

-alama<ağlama, yalar<yağlar, çarı<çağrı, azından<ağzından, barma<bağırma, uraşır<uğraşır.

  • Испаѓање на консонантот y:

-ikamiş<yıkamış, tüyumi<tüyünü;

  • Испаѓање на консонантот v:

-dümiş<dövmüş, uermiş<övermiş, soram<sorayım;

  • Испаѓање на консонантот m:

-şidi<şimdi;

  • Консонантот k на крајот на зборот преминува во y:
çocuy<çocuk, küçüy<küçük

-Издвоени консонанти во коренот на турските зборови нема, настануваат како резултат на асимилација на наставките кои почнуваат со слични консонанти: el+ler<eller. Меѓутоа во зборовите од арапско потекло честа e појаваta во зборот да дојдat двa исти консонантa еден до друг. Но во битолскиот говор на зборот не поднесува два исти консонанта еден покрај друг, затоа при изговор на ваквите зборови еден од удвоените консонанти ќе го испуштат: dikat<dikkat, zere<zerre.

-Во битолскиот турски говор обично завршува на глаголски предикат во минато определено свршено време, минато неопределено свршено време, мал број примери предикати на идно време и на оптатив и аорист: bir varimiş, bir yogimiş, düşmüş, demiş, geldi, anlatacam, görecem, anlaşılır, yapay, görey и др.

-Се помалку примери се среќаваат во овој говор кои имаат архаистички карактер: dueremez;

-Зборови од туѓо потекло кои се употребуваат во битолскиот турски говор: limuzina, магија, мисирка, пусто, шарко, гугучка, реиз, otobüs, otomobil.

Вредност и значење на доброто[уреди | уреди извор]

Битолскиот турски говор претставува составен и значаен дел од македонското културно наследство, односно од дијалектната база на турскиот јазик кој се говори надвор од границите на Република Турција. Вредноста на овој говор ја оценуваме пред се` од лингвистичка, и поконкретно од дијалектолошка, (на фонетско-фонолошко ниво, морфолошко, лексичко-семантичко и етимолошко ниво); притоа не ги занемаруваме ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите културни вредности вткаени во народниот јазик.

Критериуми за валоризација на доброто[уреди | уреди извор]

Критериуми кои се одмесуваат на својствата на доброто[уреди | уреди извор]

  • Автентичност – Во рамките на јазикот секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на турските говори кои се употребуваат во РМ;
  • Реткост – Во својот примарен и оригинален облик, битолскиот турски говор е карактеристичен за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост;
  • Разновидност – Општо речено, разновидноста на секој турски говор во, па и надвор од границите на Република Турција, како и битолскиот говор претставува природен извор на јазичен материјал на турскиот јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на турските говори во РМ;
  • Интегралност – Овој говор, како и другите турски говори во РМ е интегрален дел од севкупните турски говори. Со други зборови, со своите основни фонетско-фонолошки, морфолошки, морфосинтаксички и лексички особености, битолскиот турски говор е составен и интегрален дел на турските румелиски говори;
  • Старост – Турските говори во РМ, вклучително и говорот на турците од битолско, се основен белег на турската етничка заедница која живее во РМ. Турските говори што се употребуваат во РМ ги содржи елементите на османскиот турски јазик кој се употребувал за време на Османската Империја. Тие во себе чуваат многу архаични форми на јазикот одошто што можат да се забележат во стандартниот турски јазик;

Критериуми кои се одмесуваат на функцијата на доброто[уреди | уреди извор]

Основна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважните функции на јазикот, па и на битолскиот турски говор како специфично и идентификациско обележје на тамошното население. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни области од стопанството. Битолскиот турски говор е предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана и воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на турските говори (дијалекти) и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на говорите на турското население во РМ.

Критериуми кои се одмесуваат на значењето на доброто[уреди | уреди извор]

  • Културно – Битолскиот турски говор е дел од културното наследство на турското население што живее на определена територија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на турското население, започнувајќи од изгледот (на пр. Народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називи во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплетена историјата на населението низ вековите итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризација на турскиот говор во Битола.
  • Историско – Турските дијалекти-говори се примарен дел од културното и историското наследство и основен белег за постоење на турското население надвор од границите на својата матична земја. И само преку нивно поединечно и интегрално проучување можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историја на турското население кое живее во РМ.
  • Уметничко – Од уметнички апект, значењето на битолскиот турски говор се согледува во народната уметност, народните песни и приказни испеани и раскажани на впечатлив народен говор. Овој тип на уметност со векови бил израз на турската литература.
  • Научно – Научното значење на овој говор го определуваме пред се` во рамките на лингвистиката и тоа како за турската наука за јазикот, така и на балканистиката и неговото влијание на другите нетурски говори кој што се говорат во овие краишта. Од аспект на туркологијата, битолскиот турски говор е интегрален дел од румелиската дијалектна територија и во тие рамки тој е непроценлив извор на информации за општата диференцијација на турските говори не само во нашата земја, туку и пошироко.
  • Општествено – Битолскиот турски говор, како и впрочем сите турски говори во РМ имаат пред се` општествено значење. Тие се основното бележје на турскиот народ кој живее во РМ и надвор од својата матична земја.

Критериуми на доброто и детално објаснение[уреди | уреди извор]

1.ИСКЛУЧИТЕЛНОСТ

Исклучителноста на битолскиот турски говор, како впрочем и на другите турски говори во РМ, се состои во фактот што самиот по себе овој говор не само што е раритет по своите општи јазични црти, туку според некои јазични црти е и уникат т.е. не постои друга територија на која може да се сретне ваква јазична целина. Со други зборови се работи за исклучителна реткост која е неопходно, како таква, да се подложи на посебен тип на заштита.

2.ВПЕЧАТЛИВОСТ

Впечатливоста на битолскиот турски говор е во тесна врска со погоре наведената негова уникатност. Со други зборови, она што е ретко или уникатно, се разбира дека е впечатливо, а тоа е карактеристика и за битолскиот турски говор кој со своите уникатно искомбинирани јазични карактеристики претставува посебно впечатлив и интересен народен говор, кој има и свое влијание и јасно се разликува од другите турски говори во РМ.

3.ВЛИЈАТЕЛНОСТ

Влијателноста на битолскиот турски говор можеме да ја дефинираме како начин на влијание што го има секој говор, па вклучително и битолскиот турски, врз населението што го зборува и на говорите на другите народи кои живеат во тој регион (македонскиот или албанскиот говор). Се работи за единствен знак за идентификација на регионот на којшто еден човек припаѓа и којшто во себе опфаќа цел сплет на културни, традиционални, религиски и други обележја, а секако и на придобивки што произлегле од тој регион, а се од општо значење за цивилизациските достигнувања на еден народ.

4.ПОВРЗАНОСТ

Поврзаноста на турскиот битолски говор со другите турски говори во РМ, кои се дел од турската дијалектна територија, т.е. поврзаноста на синхрониски план, но исто така и поврзаноста на дијахрониски план (колку овие говори се рефлекс за развојот на турскиот јазик што се говори во РМ низ вековите и различните влијанија што делувале на овој простор во минатото но и денес) е секако неоспорна и несомнена. Всушност оваа поврзаност и ја прави дијалектологијата мошне значајна наука и единствена по обемноста на полето што го истражува, а во тие рамки вакво несомнено огромно значење имаат и сите активности и ангажмани кои се грижат за заштитата и зачувувањето на нашите дијалекти.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  1. 1.Аго А., Турските говори во Југозападна Македонија, рецeнзирана и прифатена од Министерство за наука, Скопје, 1999.
  2. 2.Ахмед, О., Морфосинтаксата на охридско-преспанскиот регион, Докторска дисертација одбранета на Филолошкиот факултет, Скопје, 2004
  3. 3.Kowalski, T., Osmanich-turkich Volkslieder aus Mazedon Wzkm, 33, 1936/160-31, Poland ;
  4. 4.Kakut, S,. Le dialecte Turc, de Ohrid en Macedoinen AON, Tomus XXVI Budapest 1972 ;
  5. 5.Katona, L., Le dialecte Turc de la Macedonie de l`auest TDAY-Belleten, Ankara, 1969 ;
  6. 6.М. Алиевска, Жената како лик во турските народни приказни од прилепско и битолско, Магистерска теза одбранета на Филолошкиот факултет `Блаже Конески` Скопје, 2003 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Говорот на Турците од Скопско, Управа за заштита на културното наследство.

Поврзано[уреди | уреди извор]