Глорија Грејам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Глорија Грејам

Глорија Грејам — американска глумица и пејачка, родена 28 ноември 1923 година во Лос Анџелес, а на 5 октомври 1981 година се преселила во Њујорк. Нејзиниот татко, Реџиналд Мајкл Блоксам Холворд, бил познат архитект, а мајка и, Џин Грејам била британска глумица и учител по глума. Нејзините родеители и го олесниле пробивањето до Бродвеј, каде што ја приметил Луи Б. Маер од студијата Метро-Голдвин-Маер и понудил договор. Таа го променила своето презиме во Грејам и го дебатирала на голем екран во 1944 година. Две години подоцна играла запазена улога во Убав живот. Студиото РКО во 1947 година го откупил нејзиниот договор, а истата година стигнала и номинација за Оскар за најдобра споредна глумица во филмот Вкрстен оган. Втората номинација на неа и ја донела Оскарот за најдобра споредна глумица, за запазена улога во филмот Грд на илузии во 1952. Истата година играла и во филмот Sudden Fear, со Џоан Крафорд, а една година подоцна настапила како главна улога во филмот The Big Heat, со Глен Форд и Лијам Марвин. По мјузиклот Оклахома во 1955 година не остварила значајна филмска улога. До крајот на животот настапувала во театар, со повремени филмски и телевизиски улоги. Починала во Њујорк на 5 октомври 1981 година од рак на дојка.