Глен Милер
Глен Милер | |
---|---|
Милер ок. 1942 | |
Роден(а) | Алтон Глен Милер 1 март 1904 Кларинда, Ајова, САД |
Сопружник | Хелен Бургер (в. 1928) |
Деца | 2 Музичка кариера |
Жанрови | Свинг, биг-бенд |
Занимања | Водач на бенд, музичар, аранжер, композитор |
Инструменти | Тромбон |
Период на активност | 1923–1944 |
Соработници | Глен Милеров оркестар, The Modernaires, Мерион Хатон |
Алтон Глен Милер (англ. Alton Glenn Miller; роден на 1 март 1904; исчезнал на 15 декември 1944; прогласен за мртов на 16 декември 1945) ― американски биг-бенд диригент, аранжер, композитор, тромбонист и пејач.[1] Глен Милер и неговиот оркестар биле еден од најпопуларните и најуспешните бендови во 20 век и во времето на биг-бенд оркестрите.[2][3][4] Исто така, популарен и успешен бил и неговиот воен оркестар, Оркестарот на армиските воздухопловни сили на мајор Глен Милер.[1][1]
Глен Милер и неговиот Оркестар бил музичка група со најголема остварена продажба во периодот од 1939 до 1942 година. Нивните најпродавани плочи биле: тематската песна на Милер „Месечева серенада“ (Moonlight Serenade) и првата златна плоча воопшто, „Чатануга чу чу“ (Chattanooga Choo Choo). Други популарни композиции биле: „In the Mood", „Pennsylvania 6-5000", „A String of Pearls", „Moonlight Cocktail", „At Last", „(I've Got a Gal In) Kalamazoo", „American Patrol", „Tuxedo Junction", „Elmer's Tune", „Little Brown Jug", и „Хорот на Циганите“.[5] За четири години, Милер имал 16 композиции на прво место и 69 топ-10 хитови; повеќе од Елвис Присли (40)[6] и Битлси во целокупните нивни кариери.[7][8][9] Неколку негови композиции се примени во Гремиевата куќа на славата.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Глен Милер е роден во Кларинда, град во американската сојузна држава Ајова, а како дете се преселил со семејството во Норт Плејт, Небраска. Основно училиште учел во Норт Плејт, а во 1915 година, неговото семејство се преселило во Грант Сити, Мисури. Тогаш, со молзење крави заработил доволно пари за да си го купи првиот тромбон и почнал да свири во градскиот оркестар. Претходно свирел корнет и мандолина.[10]
Во 1918 година, Милер со семејство се преселил во Форт Морган, Колорадо, каде што се запишал во средно училиште. За време на последната година во средно училиште, многу се заинтересирал за денс-бенд музиката и со негови соученици основал свој бенд.[11] Уште пред да матурира во 1921 година, тој бил решен да стане професионален музичар.
Во 1923 година, Милер се запишал на Универзитетот Колорадо во Болдер. Откако паднал на три од пет предмети во ист семестар, го напуштил факултетот за да се посвети на музиката.[1]
Во Њујорк, тој го простудирал Шилингеровиот систем со Џозеф Шилингер, под чие менторство ја компонирал „Милерова мелодија“ (Miller's Tune). Милер ја преаранжирал мелодијата за биг-бенд оркестар и ја преименувал. Станала една од неговите најпознати композиции, „Месечева серенада“ (Moonlight Serenade).[12]
Во 1926 година, Милер се приклучил на бендот од Бен Полак во Лос Анџелес, каде што свирел со идни ѕвезди како Бени Гудман (кој тогаш имал 17 години). Тој исто така свирел за Виктор Јанг, што му овозможило да биде менториран од други професионални музичари.[13] На почетокот, тој бил главен солист на тромбон во бендот, но откако во 1928 година во бендот од Полак се приклучил Џек Тигарден, Милер забележал дека неговата соло-изведба драстично се намалила и сфатил дека неговата иднина е во аранжирањето и компонирањето.[10]
Во 1928 година во Чикаго објавил песнарка под наслов 125 Jazz Breaks for Trombone.[14] Додека свирел кај Полак, Милер напишал неколку аранжмани. Тој ја составил неговата прва композиција „Room 1411“ која ја извел заедно со Бени Гудман.[15]
Од 1929 до 1937 година, Милер свирел како тромбонист за хонорар со Ред Николс, Бени Гудман, бендот од Реј Нобл и браќата Дорси.[16][17][18]
Во 1937 година, Милер составил неколку аранжмани и го основал неговиот прв бенд. Откако не успеал да се истакне бендот се распаднал на 2 јануари 1938 година.
Успех од 1938 до 1942 година
[уреди | уреди извор]Разочаран, Милер се вратил во Њујорк. Тој увидел дека треба да развие уникатен звук. Џорџ Т. Сајмон открил саксофонист по име Вилбур Шварц . Милер го ангажирал Шварц, но го натерал да свири кларинет наместо саксофон. Според Сајмон, „тонот и начинот на свирење на Вили обезбедија полнота и богатство толку карактеристично што ниту еден од подоцнежните имитатори на Милер не можеше точно да го репродуцира Милеровиот звук“.[19]
Во септември 1938 година, Милеровиот бенд почнал да снима за Bluebird, подружница на RCA Victor.[20] Бендот го финансирал Сај Шрибман, истакнат бизнисмен од Источниот Брег. Во пролетта 1939 година, бендот имал среќа да почне да свири во Медоубрук во Сидар Гроув, Њу Џерси и во казиното Глен Ајленд во Њу Рошел, Њујорк.[21]
Популарноста на бендот растела.[22] Во 1940 година, верзијата на бендот на „Tuxedo Junction“ била продадена во 115.000 примероци во првата недела.[23] Успехот на Милер во 1939 година кулминирал на 6 октомври со појавувањето во Карнеги Хол, со Пол Вајтмен, Бени Гудман и Фред Воринг.[24]
На 10 февруари 1942 година, RCA Виктор на Милер му ја дал првата златна плоча за „Chattanooga Choo Choo“.[1] [25] [26] Оркестарот на Милер ја извел „Chattanooga Choo Choo“ со своите пејачи Гордон Бенеке, Пола Кели и the Modernaires.[27] Други пејачи во овој оркестар биле: Марион Хатон,[28] Скип Нелсон,[29] Реј Еберле,[30] (и во помала мера) Кеј Стар,[31] Ерни Касерес,[32] Дороти Клер [33] и Џек Латроп.[34]
Филм
[уреди | уреди извор]Милер и неговиот бенд се појавиле во два филма од „Twentieth Century Fox“: Серенада на Сончевата Долина (1941) и „Оркестарски сопруги“(1942). Иако имал договор за снимање на трет филм за Фокс, Состанок на слепо, Милер заминал во војска и овој филм не бил снимен.[35]
Оркестар на армиските воздухопловни сили од мајор Глен Милер: 1942–1946
[уреди | уреди извор]На врвот на неговата кариера во 1942 година, Милер одлучил да се приклучи на армијата, што значело откажување од приходот од околу 20 000 долари неделно кој го заработувал неговиот бенд, Глен Милер и неговиот Оркестар (еквивалентно на 330 000 долари неделно во 2022 година). Тогаш имал 38 години, бил оженет и имал потреба од корективни очила, и при регрутацијата бил класифициран како 3-А и најверојатно немало да биде повикан на служба ако самиот не се пријавил.[36][37][38]
Глен Милер и неговиот Оркестар последниот концерт го одржале во Централниот театар во Пасаик, Њу Џерси на 27 септември 1942 година.[39][38]
На 7 октомври 1942 година, Милер се пријавил во командата на седмата служба во Омаха како капетан во Армискиот специјалистички корпус. По едномесечна обука, на 25 ноември 1942 година, бил префрлен во армиските воздухопловни сили (ААФ). Во армијата го предводел оркестарот на армиските воздухопловни сили, кој бил значително повеќе ориентиран кон џез-музика за разлика од неговиот претходен, повеќе комерцијално ориентиран биг-бенд.
Милер бил во Лондон за време на германските ракетни напади V1 и V2. Во студиото Abbey Road биле направени бројни аудио снимки од настапите на „Воздухопловната воена група“ , некои биле пренесувани во живо од BBC. Моно снимките направени таму биле со одличен квалитет и ги одразуваат високите стандарди на оркестарот.
Исчезнувањето на Милер
[уреди | уреди извор]По ослободувањето на Париз од страна на сојузничките сили, „Оркестарот на армиските воздухопловни сили“ во декември 1944 година требало да настапи во концертната сала Олимпија. Но, Глен Милер починал на пат од Лондон до Париз под нејасни околности. Се верува дека авионот со кој Милер патувал за Франција на 15 декември 1944 година бил погоден над Ламанш во густа магла додека британските бомбардери се ослободувале од бомбите. Приближно 138 четиримоторни ланкастери од Третата бомбардерска единица на РАФ (Британски кралски воздухопловни сили) се враќала во Британија со полн товар бомби затоа што нападот на германскиот град Зиген бил откажан поради тоа што борбените авиони наменети за заштита на бомбардерите не можеле да полетаат поради лошите временски услови. Во тоа време, бомбите кои не биле фрлени за време на борбените летови обично биле фрлани над Ламанш додека авионите се враќале, затоа што слетувањето со товар со експлозив било премногу опасно. Навигаторот Фред Шо ги забележал бомбите кои паѓале и видел мал, едномоторен авион директно под дождот од бомби. Бидејќи авионот на Глен Милер се движел во спротивна насока од Лондон до Париз во истото време, најверојатно е дека Милер бил во овој авион. Остатоците од цивилниот авион со кој летал Милер не биле пронајдени. Извештајот дека Милер не го преминал каналот била објавена на 24 декември 1944 година.[40]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Shenkle, Kathy, Glenn Miller: America's Musical Patriot, US Army, Arlington National Cemetery, Arlington, Virginia, 1993 which includes information used for exhibits, news articles (Iowa, Colorado and military papers), and the ANC website. Retrieved September 11, 2022. The Army refers to Glenn Miller as having a finding of death (FOD) and having been missing in action (MIA) with remains not recoverable since December 15, 1944. „Glenn Miller“. Arlingtoncemetery.mil. Архивирано од изворникот на 2015-09-23. Посетено на July 27, 2017.
- ↑ „Glenn Miller's Top 10 Hits“. American Music Research Center (англиски). September 22, 2017. Посетено на October 25, 2022.
- ↑ Team, Retro Gazing (August 16, 2021). „What Is Glenn Miller's Most Popular Song?“. Retro Gazing (англиски). Архивирано од изворникот на October 25, 2022. Посетено на October 25, 2022.
- ↑ „You Will Not Believe How Many Hits the Glenn Miller Orchestra Will Perform on Wednesday“. Westmount at Three Fountains (англиски). Посетено на October 25, 2022.
- ↑ „Song artist 11 – Glenn Miller“. Tsort.info. Посетено на July 27, 2017.
- ↑ „Achievements“. Graceland.com. March 28, 2022. Посетено на March 29, 2022.
- ↑ Whitburn, Joel. Pop Memories (1900–1940). Record Research.
- ↑ Whitburn, Joel (2015). Pop Hits Singles and Albums, 1940–1954. Record Research. ISBN 978-0-89820-198-7.
- ↑ „Achievements: All About Elvis“. Архивирано од изворникот на September 12, 2011. Посетено на September 9, 2011.
- ↑ 10,0 10,1 Yanow, Scott (2001). Classic Jazz. San Francisco: Backbeat. ISBN 978-0879306595.
- ↑ Shenkle, Kathy, Glenn Miller: America's Musical Patriot, US Army, Arlington National Cemetery, Arlington, Virginia, 1993 which includes information used for exhibits, news articles (Iowa, Colorado and military papers), and the ANC website. Retrieved September 11, 2022. The Army refers to Glenn Miller as having a finding of death (FOD) and having been missing in action (MIA) with remains not recoverable since December 15, 1944. „Glenn Miller“. Arlingtoncemetery.mil. Архивирано од изворникот September 23, 2015. Посетено на July 27, 2017.
- ↑ „Who Is Joseph Schillinger?“. The Schillinger System. Архивирано од изворникот на February 19, 2009. Посетено на February 19, 2009.
- ↑ „Glenn Miller Biography“. Music.us. Архивирано од изворникот на May 12, 2013. Посетено на December 18, 2012.
- ↑ Metronome, 1928, Vol. 44, p. 42.
- ↑ „Benny Goodman's Boys“. www.redhotjazz.com. Архивирано од изворникот на January 15, 2016. Посетено на July 19, 2018.
- ↑ Connor, D. Russell; Hicks, Warren W. (1969). BG on the Record: A Bio-discography of Benny Goodman (5. изд.). New Rochelle, N.Y.: Arlington House. ISBN 0-87000-059-4.
- ↑ Shell, Niel; Shilkret, Barbara, уред. (2004). Nathaniel Shilkret: Sixty Years in the Music Business. Lanham, Maryland: Scarecrow. ISBN 0-8108-5128-8.
- ↑ Stockdale, Robert L. „Tommy Dorsey on the Side“. Studies in Jazz. Metuchen, New Jersey: Scarecrow. 19.
- ↑ Simon (1980), p. 122.
- ↑ Simon (1980), p. 143.
- ↑ Schuller, Gunther (1991). The swing era: the development of jazz, 1930–1945. New York: Oxford University Press. стр. 667. ISBN 0-19-507140-9.
- ↑ Simon (1980), p. 170.
- ↑ Glennmillerorchestra.com Архивирано на 28 ноември 2007 г.. Glennmillerorchestra.com. Retrieved on July 29, 2011.
- ↑ Simon (1980), p. 91.
- ↑ Miller, Glenn, A Legendary Performer, RCA, 1939/1991.
- ↑ Murrells, Joseph (1978). The Book of Golden Discs (2nd. изд.). London: Barrie and Jenkins Ltd. стр. 4. ISBN 0-214-20512-6.
- ↑ "Band Bio" Архивирано на 24 декември 2015 г., The Modernaires (October 20, 2000). Retrieved on July 29, 2011.
- ↑ „Marion Hutton, 67, Vocalist With Glenn Miller Orchestra“. The New York Times. January 12, 1987. стр. 1. Посетено на May 3, 2010.
- ↑ Glenn Miller » Biography Архивирано на 1 декември 2008 г., Legacy Recordings (copyright 2011). Retrieved on July 29, 2011.
- ↑ "Ray Eberle" Архивирано на 25 септември 2011 г., Solid!.
- ↑ Kay Starr Biography Архивирано на 10 јуни 2020 г., Members.tripod.com. Retrieved on July 29, 2011.
- ↑ „Ernie Caceres“. Архивирано од изворникот на June 7, 2008. Посетено на June 5, 2008.
- ↑ Solid! – Dorothy Claire Архивирано на 11 мај 2008 г., Parabrisas.com. Retrieved on July 29, 2011.
- ↑ Liner notes to RCA Vi LPT 6701 Архивирано на 1 февруари 2017 г., also see "Moonlight Serenade" by John Flower. (PDF). Retrieved on July 29, 2011.
- ↑ Variety, September 16, 1942.
- ↑ „The Draft and World War II“. National World War II Museum. Архивирано од изворникот на October 29, 2022. Посетено на October 29, 2022.
- ↑ „Deferments, "The Selective Training and Service Act of 1940" required all men between the ages of 21 and 45 to register for the draft. The Selective Service System defines the 3-A deferment as being for those "whose induction would result in hardship to persons who depend upon them for support." Miller's deferment fit in the 3-A category in several ways“. Selective Service System. Архивирано од изворникот на October 29, 2022. Посетено на October 29, 2022.
- ↑ 38,0 38,1 Shenkle, Kathy. Legacy, Special Festival Extra, Clarinda Herald-Journal, Clarinda, Iowa. 1993–1994.
- ↑ Dennis M. Spragg, Glenn Miller Archives, Glenn Miller Collections, American Music Research Center, University of Colorado Boulder, designated guardian in perpetuity for the property of the Glenn Miller Estate; Historian and Life Member, Glenn Miller Birthplace Society, Clarinda, Iowa. Retrieved October 19, 2022. https://www.colorado.edu/amrc/glenn-miller-collections [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.
- ↑ Spragg, Dennis (2017). Glenn Miller Declassified. U of Nebraska Press. ISBN 978-1612348957.
- Добитници на Греми за животно дело
- Починати во 1944 година
- Родени во 1904 година
- Жртви на авионска несреќа
- Американски воени музичари
- Американски воени офицери
- Свинг-музичари
- Луѓе исчезнати на море
- Музичари загинати во авионска несреќа
- Музичари од Ајова
- Американски тромбонисти
- Џез-аранжери
- Водачи на биг-бенд
- Американски џез композитори