Глен Милеров оркестар
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Глен Милеровиот оркестар бил формиран во 1937 од Глен Милер. Бил распореден околу еден кларинет и тенор саксофон кои ја свиреле мелодија, додека трите фруги саксофони свиреле хармонија. Милер претходно имал формирано уште еден бенд во 1936, но го распуштил зошто сметал дека е премногу сличен на бендовите во тоа време.
Новиот бенд бил многу популарен и снимил бројни хитови - меѓу кои и популарните, „Месечева серенада“ („Moonlight Serenade“), „Во добро расположение“ („In the Mood“), „Смокинг раскрсница“ („Tuxedo Junstion“), „Чатануга чу чу“ („Chattanooga Choo Choo“) и „Имам девојка во Каламазу“ („I've Got a Gal in Kalamazoo“).
По трагичната смрт на Милер во 1944, бендот повторно се реоформил под водство на Текс Бенеке кој бил гланиот тенор саксофонист, пејач и долгогодишен пријател на Милер. Неколку години подоцна, оставнината на Милер се разделила со Бенеке и го најмила Реј МекКинли кој бил главен тапанар во Милеровиот воен воздухопловен бенд за да оформи нов „сенишен бенд“ во 1956.
Глен Милеровиот окрестар изведувале и снимале плочи под раководство на разни музичари. Бендот сѐ уште прави турнеи и дене. Моменталниот водач на бендот е тромбонистот Лари О'Брајан.
Медија
[уреди | уреди извор]- Не можете да ја чуете снимката? Видете помош со снимки.
| Во добро расположение | |
| (In the Mood) | |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Веб-стајт на Глен Милеровиот оркестар (англиски)
|