Воспитување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Воспитувањето е процес на планско и системско усовршување на сензомоторни,интелектуални,емоционални,морални и духовни својства и способности на детето, но и на возрасниот. Како облик на социјализација,воспитувањето е насочено кон формирање на однесувањето во социјално посакуваната насока . Овој процес може да биде индивидуален или групен. Сспоред својот предмет,воспитувањето може да биде физичко,интелектуално,морално,естетско или религиско.[1]

Појдовна точка во разгледување на воспитувањето и образование се состои во тоа што двата процеса меѓусебно се поврзани но се истакнува дека воспитувањето е поширок и по сеопфатен поим и процес кој во себе неминовно и кординирано го содржи процесот на образованието.Поточно може да се каже дека воспитувањето е педагошко делување на сите сфери на човековото битие,усмерено на изградба и формирање на човечката личност во поширока сфера спаѓа и образованието . Обреазованието ,всушност е дел од процесот на воспитување кој е насочен на стекнување на знаења и развој на практично способни личности.Иако овие два процеса се строго условени и се меѓусебно кординирани, во науката и теоријата за образованието и и воспитувањето тие се разгледуваат и проучуваат како посебни и основни педагошко-андрагошки поими и процеси.Бебето на свет доаѓа со потернцијали кои и овозможуваат да ги развива во одреден правец.Бебето е суштество во настанување.

Белези на човечкиот вид[уреди | уреди извор]

Од овој биолошки дефицит произлегуваат два белега на човечкиот вид: воспитливост - можност да се биде воспитан .Бебешката недовршеност отвара големи можности во развојот во смисла на доменот и во смисла на разноврсноста ; потребаа\неопходност од воспитување воспитувањето е многу важен чинител во процесот на развојот на бебето кое доаѓа на свет. Бебето по наследен пат донесува одредени органи за говор ,тоа не е доволно бебето да зборува. Низ интеракција со другите луѓе тоа ќе може да развие свој потенцијал.Со историскиот развој на општеството и промени во производството ,низ индустријализација,доаѓа до промени во семејството. Економските и општествените процеси ,како последица,ја смениле производната функција во семејството и довеле до промена во нејзината положба и структура.Кога е во прашање предшколското воспитување и развој,се јавува потреба децата на вработените родители да се згрижат.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Оваа статија ,или еден негов дел,изворно се превземени од књигата на Иван Видановиќ ,, Речник социјалног рада " со одобрување на авторот .