Википедија:OTRS

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Најважното од оваа страница: Волонтерскиот тим за одговори врши разни задачи за помош и олеснување на работата на корисниците низ проектите на Викимедија. ОТРС воглавно се занимава со складирање и соодветно одобрување на донирани материјали.
Почетната страница на OTRS од 2016.

Волонтерскиот тим за одговори е група на волонтери кои ги одговараат повеќето од пристигнатите електронски пошти испратени кон Википедија и Фондацијата Викимедија. Тимот го користи системот на ОТРС (OTRS) за да ги организира и процесира електронските пошти кои се примаат. Самата англиска кратенка ОТРС често се користи како име на самиот тим.

Системот на ОТРС дава организиран начин на повеќе корисници да ги категоризираат и одговорат електронските пошти од трети страни. Така, на некој начин, овој тим може да се смета за тим за корисничка подршка. Волонтерите мора да имаат добри вештини за следење на записите. Постојат неколку различни електронски пошти преку кои може да се стапи во контакт со тимот.

Активности[уреди извор]

Тимот прима електронски пошти од различни видови, меѓу кои прашања за:

  • Википедија и другите сестрински проекти
  • доделување и донирање мултимедиска содржина
  • пријавување на грешки во статиите
  • проблеми поврзани со биографии за живи луѓе
  • жалби за вандализам
  • повторна употреба на текс или медија
  • повратни информации, поплаки или жалби
  • информациони барања

Донирање и стекнување ОТРС дозвола[уреди извор]

За да донирате неслободна содржина, односно да ја подарите на Викимедија, за македонски корисници, контактирајте не преку електронската пошта: info-mk@wikimedia.org или permissions@wikimedia.org за општа комуникација (на англиски).

Поврзано[уреди извор]