Википедија:Уредувачки натпревари 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кратенки:
ВП:УН

Во 2018 година биле органиџирани четири уредувачки натпревари.

Прв натпревар[уреди извор]

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“ се одржал од 5 февруари до 4 март 2018 година. Учесниците можеле да уредуваат постоечки и нови статии, кои се наоѓаат на официјалниот список на Мета за статии кои треба да ги има секое јазично издание на Википедија.

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока или книги/материјали по избор на добитникот.

  • вредносен купон во вредност од 10.000 денари за освоено прво место;
  • вредносен купон во вредност од 5.000 денари за освоено второ место;
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за освоено трето место;
  • вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки корисник, кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари;
  • вредносен купон во вредност од 1.000 денари за најдобар нов корисник;
  • вредносен купон во вредност од 4.000 денари за награда за најдобра статија;
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу напишани нови статии, кои претходно не постоеле на македонската Википедија (вкупно 93); и
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу подобрени мали статии со големина помала од 10.000 бајти (вкупно 462).

Втор натпревар[уреди извор]

СИЕ Пролет 2018[уреди извор]

Уредувачкиот натпревар на тема „СИЕ Пролет 2018“ се одржал од 21 март до 31 мај 2018 година. Учесниците во рамките на натпреварот требало да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци по земја од областа Средна и Источна Европа.

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока или книги/материјали по избор на добитникот.

  • вредносен купон во вредност од 10.000 денари за освоено прво место;
  • вредносен купон во вредност од 5.000 денари за освоено второ место;
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за освоено трето место;
  • вредносен купон во вредност од 4.000 денари за награда за најдобра статија;
  • вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки корисник, кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари „СИЕ Пролет“;
  • вредносен купон во вредност од 1.000 денари за најдобар нов корисник;
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу напишани нови статии, кои претходно не постоеле на македонската Википедија; и
  • вредносен купон во вредност од 3.000 денари за најмногу уредени статии од различни земји-учеснички на натпреварот.

Поврзано[уреди извор]