Википедија:Уредувачки натпревари/СИЕ Пролет 2024

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2024“

 

од 1 до 30 април 2024 година

 

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2024“ или само СИЕ Пролет 2024 — проект на здружението на граѓани „Викимедија МКД“, Википедија на македонски јазик и сите заедници во Средна и Источна Европа, кој има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на различни теми од сите држави во рамките на регионот Средна и Источна Европа (СИЕ).

Натпреварот почнува на 1 април 2024 г. во 00:00 ч. и завршува на 30 април 2024 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Основни информации[уреди извор]

Правила за учество[уреди извор]

На натпреварот може да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик освен членовите на оценувачкиот одбор, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Учесниците во рамките на натпреварот треба да уредуваат статии кои се предложени во рамките на долунаведените списоци по земја од подрачјето на Средна и Источна Европа. Секоја од создадените или дополнетите статии означувајте ги со предлошката {{СИЕ Пролет 2024}} на страниците од разговор. Доколку имате некои прашања, поставете ги во разговорот на истава страница, при што ќе бидат одговорени од нашите корисници.

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

На натпреварот не влегуваат статии напишани за Македонија од страна на македонските уредници, односно пријавените уредници треба да пишуваат за статии од предложените списоци по земја (зададени подолу). На натпреварот не се признаваат статии напишани со помош на бот, но може да се користи алатката за превод доколку автоматски преведената содржина рачно е подобрена од страна на учесникот.

Оценување[уреди извор]

Статиите ќе ги прегледува оценувачки одбор којшто ќе биде составен од тројца википедијанци кои не можат да учествуваат на натпреварот. Оценувачкиот одбор ќе ја донесе конечната одлука за победникот.

Членовите на оценувачкиот одбор ќе ги прегледаат сите статии и секоја ќе ја бодуваат поединечно со бодови од 1 до 10.

Член на оценувачкиот одбор може да даде и оцена 0 доколку смета дека статијата воопшто не ги задоволува условите на натпреварот (на пример, да има различна тема од зададената). Оцена 0 автоматски ќе биде доделена во следните случаи:

  • утврдено е дека статијата е создадена со помош на алатката за превод без учесникот да вложи напори за нејзино средување;
  • статијата содржи зборови коишто се напишани на странски јазик и со странско писмо, а се јавуваат во текстот, инфокутијата или категориите (Внимание: Наводите се оставаат во првобитниот облик и не се преведуваат.); и
  • статијата содржи неразбирливи реченици коишто немаат смисла во македонскиот јазик.

Рангирање[уреди извор]

Рангирањето на учесниците ќе биде извршено врз основа на доделените бодови од страна на оценувачкиот одбор. Победник на натпреварот ќе биде учесникот кој ќе освои најмногу бодови и ги задоволува останатите критериуми за доделување награда.

Список на натпреварувачи[уреди извор]

Евиденција

Додајте го своето име доколку сакате да учествувате, користејќи тараба и четири тилди (~). Воедно, пријавете и на страницата „Евиденција“ наведена погоре, каде што ќе создадете и своја лична страница за следење на Вашите придонеси.

  1. --Тиверополник
  2. --Lili Arsova
  3. --П.Неделковски
  4. --Mila Kliment
  5. --Kostovska
  6. --Sofija Kliment
  7. --Dafina Kliment
  8. --Petar Kliment
  9. --Lara Kliment
  10. --Emilija Dobreva
  11. --Marija Boshevska11
  12. --Abnormalcy333
  13. --Ivka20

Предлози за статии[уреди извор]



Материјали[уреди извор]

Корисниците може да користат свои материјали поврзани со земјите од областа на Средна и Источна Европа, другите јазични изданија и особено Википедијата од која и потекнува самиот предмет/објект за кој се пишува статијата.

Членови на оценувачкиот одбор[уреди извор]

  1. Kiril Simeonovski (О1)
  2. Ehrlich91 (О2)
  3. Инокентиј (О3)
  • Станете член на оценувачкиот одбор за следните уредувачки натпревари, преку испраќање порака на корисникот Ehrlich91.

Награди[уреди извор]

Наградите за овој натпревар се предвидени да бидат вредносни купони за техничка стока и ваучери за книги. Наградите ќе бидат купени по завршувањето на уредувачкиот натпревар во вид на ваучери од продавница со седиште во Македонија. Доколку сакате ваучер од специфична продавница или книжарница, ве молам наведете ни, по завршувањето или за време на траењето на натпреварот. Одбраните корисници на наградите треба да си ги подигнат наградите во просториите на Викимедија МКД.

На натпреварот ќе се доделат три награди за најдобрите тројца уредници, кои ќе бидат прогласени по оценувањето на статиите од страна на оценувачкиот одбор.

Награда ќе биде доделена и за најдобрата статија, која исто така ќе биде прогласена од страна на оценувачкиот одбор.

Ќе бидат доделени и следниве награди:

  • „најдобар постоечки или нов корисник“: награда која ќе се додели на корисник со регистрирана корисничка сметка пред почетокот на натпреварот и кој претходно не учествувал на овој регионален уредувачки натпревар организиран во овој формат (во периодот 2015-2023) или пак отворил сметка по почетокот на натпреварот;
  • „најмногу уредени статии од различни земји“: награда која ќе биде доделена на корисник, кој ќе уреди (создаде или подобри) статии за најмногу различни земји кои учествуваат во натпреварот.

Секој учесник има право на најмногу две награди во сите категории.

За да може некој учесник да добие награда во некоја од категориите, мора да има напишано/подобрено најмалку 20 статии од списоците на другите учесници во натпреварот и истите да бидат оценети со просечна оценка од најмалку 2,0 од страна на членовите на оценувачкиот одбор).

I награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 10.000 денари.

II награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 5.000 денари.

III награда[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 3.000 денари.

Награда за најдобра статија[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 4.000 денари.

Награда за најдобар постоечки корисник[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најдобар постоечки корисник, кој претходно не учествувал на уредувачките натпревари „СИЕ Пролет“.

Награда за најмногу уредени статии[уреди извор]

Вредносен купон во вредност од 2.000 денари за најмногу уредени статии од различни земји-учеснички на натпреварот.