Википедија:Семинари за наставници
Изглед
„Семинари за наставници“ |
![]() |
![]() |
Семинари за наставници — тековен проект на здружението на граѓани Викимедија МКД (од 2024), и поранешен проект на ГЛАМ Македонија (2017-2023). Проектот е образовен дел од активностите на здружението, а идејата и целта на овој проект да овозможи поголема свесност на наставниот кадар во Македонија за проектите на Викимедија, обука на наставниците за тоа како се користи Википедија во училница, обука за уредување, и други сродни активности. Настаните од овој проект може да бидат наречени: конференција за наставници, семинар за наставници или обука на наставници.
За сите информации околу тоа како да се вклучи и вашиот колектив, оставете порака или на електронската пошта kontakt(аt)wikimedia.mk
Дел од активностите
[уреди извор]Работата на овој проект ќе биде фокусирана на:
- Предавања;
- Одржување на семинари, обуки и конференции за наставници;
- Организирање на работилници со практични вежби за користење и уредување на Википедија;
- Останати подобрувања на квалитетот на Википедија на македонски јазик во соработка со наставниците.
Спроведени активности 2025
[уреди извор]- На 4 февруари 2025 година се одржа Конференција за наставници во гимназијата „Јосип Броз Тито“ - Скопје
- На 27 февруари 2025 година се одржа Конференција за наставници во гимназијата „Кочо Рацин“ - Скопје
Спроведени активности 2024
[уреди извор]- На 25 март 2024 година се одржа Конференција за наставници во ОУ „Никола Карев“ - Koчани
- На 9 јули 2024 година се одржа Семинар за наставници ООУ Страшо Пинџур, Скопје,
- На 14 ноември 2024 година се одржа Конференција за професори и студенти во Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
- На 28 ноември 2024 година се одржа Семинар за напредно уредување Википедија